Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инфлацијата ја поткопува куповната моќ во Европа, храната најскапа во Северна Европа, најевтина на југот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инфлацијата ја поткопува куповната моќ во Европа, храната најскапа во Северна Европа, најевтина на југот
Агровести

Инфлацијата ја поткопува куповната моќ во Европа, храната најскапа во Северна Европа, најевтина на југот

Објавено 17/01/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неколку земји од ЕУ презедоа чекори за да го запрат растот на цените на енергијата и суровините поради зголемената инфлација, а статистичкиот завод на ЕУ Еуростат соопшти дека храната, пијалаците и цигарите станаа уште поскапи, особено во Северна Европа и Швајцарија, а најевтини се во Македонија и Романија.

Евростат наведува дека жителите на Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Северна Македонија треба да трошат значително помалку за храна од просекот на ЕУ, а прехранбените производи се убедливо најевтини во Турција.

Францускиот економски весник „Лезеко“ пишува дека „силната инфлација ја осакати куповната моќ на Французите“ и предупредува дека тоа станува политички проблем. Инфлацијата во Франција лани достигнала неочекувани 2,8 отсто, а во периодот 2015-2020 година во просек изнесувала само 0,9 отсто годишно.

Економистите и медиумските аналитичари во ЕУ сметаат дека цените ќе продолжат да растат оваа и следната година, а владите во Унијата најмногу се обидуваа да го спречат падот на куповната моќ на населението со намалување на данокот на додадена вредност на храната и другите основни потреби.

Грчкиот весник „Ефемерида тон Синактон“ забележува дека грчката влада, исто така, почнала да го разгледува единствениот преостанат инструмент: намалување на ДДВ за храната и основните производи за да се спречи нов удар врз домаќинствата и да се избегне растечкото незадоволство на јавноста.

Хрватскиот „Вечерњи лист“ посочува на нагло поскапување на храната во Хрватска за околу 7 отсто, иако просекот во ЕУ беше 3 отсто, а на хрватските потрошувачи сега им се заканува остар скок на цените на гасот и струјата.

„Голем дел од хрватските граѓани јадат најевтината храна што ќе ја најдат, без разлика на квалитетот“, истакнува „Вечерњи лист“, истакнувајќи дека брашното, млекото, кафето и оризот се поевтини во Германија и Франција отколку во Хрватска.

Блумберг објави прогнози дека цената на енергијата за домаќинствата во ЕУ оваа година ќе се зголеми за 50 отсто, наведувајќи дека цената на храната во ЕУ во октомври 2021 година пораснала во просек за 2,3 отсто, додека во октомври 2020 година на годишно ниво храната била поевтина за 0,3 отсто.

Аналитичарите и економските коментатори во ЕУ се особено загрижени поради најавата на Еуростат дека годишната инфлација во Унијата достигна пет проценти во декември минатата година, најмногу поради зголемените цени на гасот и електричната енергија. Евростат наведува и дека во ЕУ храната и безалкохолните пијалаци биле најскапи во Луксембург, и тоа 25 отсто над просекот, а за 31 отсто под просекот во Романија.

Финците плаќаат убедливо најмногу за алкохолни пијалаци, кои во Финска се за 115 отсто поскапи од просекот во ЕУ, додека тутунските производи се вртоглаво поскапи во Ирска, 143 отсто над просекот на ЕУ.

Најскапа е храната во Швајцарија, која е дел од единствениот пазар на ЕУ, иако не е членка на Унијата, а во рамките, највисоки цени на храната има во Луксембург.
Храната во ЕУ е најевтина во Романија, алкохолните пијалаци во Унгарија, а тутунските производи во Бугарија. Цените на храната, пијалаците и тутунот во просек се значително поевтини во Западен Балкан отколку во ЕУ.

Според табелата на Евростат, покрај самата просечна вредност на цената на хранаѕа, пијалаците и тутунот означени со 100 се наоѓаат Германија, Италија и Шпанија, нешто повеќе за овие производи плаќаат Французите, Австријците, Белгијците и потоа сè е значително поскапо на северот од Унијата.

Жителите на Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и С Македонија треба да трошат приближно половина помалку за храна од просекот на ЕУ, а храната е убедливо најевтина во Турција, но потрошувачката кошница на Турција многу расте кога станува збор за алкохолните пијалаци кои се скоро 90 отстопоскапи од просекот во ЕУ.

Кога ќе се сведат сите трошоци за домаќинството (HCFL), значи храна, безалкохолни и алкохолни пијалаци и тутунски производи, на југот на Европа животот е поскап во Србија, Албанија и Црна Гора, а поевтин во БиХ, Романија, Бугарија, Македонија и Турција.

Извор: danas.rs

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:македонијасеверна македонијацени
Претходен напис Утрово најстудено во Берово -10, на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13
Следен напис Јадете урми, помагаат скоро кај сите болести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?