Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови можности за туристичка промоција на Македонија на „Дубаи Експо 2020”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Нови можности за туристичка промоција на Македонија на „Дубаи Експо 2020”
Саеми и манифестации

Нови можности за туристичка промоција на Македонија на „Дубаи Експо 2020”

Објавено 10/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На светската саемска манифестација „Дубаи Експо 2020” што почна на 1 октомври 2021 и ќе трае до 31 март 2022 година, во тек е неделата посветена на туризмот каде што повеќе од 190 земји ги презентираат своите туристички потенцијали и можности за инвестиции во овој сектор.

-Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е сѐ поголема. Тоа можеше да се воочи на вчерашната презентација на „Дубаи Експо 2020”. На презентацијата организирана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) присуствуваа повеќе од 25 туроператори, медиуми и инфлуенсери од повеќе земји од Европа и Азија. Главен акцент се стави на природата, гастрономијата и културното наследство кои побудија голем интерес кај присутните, како и можноста за вклучување на нашата дестинација во идните планови за балканските кружни патувања на повеќе туроператори. Многубројните посетители имаат уникатна можност на 400 метри квадратни простор, односно павилјон отворен со поддршка на домаќинот Обединетите Арапски Емирати, директно да се запознаат со културните посебности и вековната традиција на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал, со богатата историја и етничката разновидност на нашата земја, информира АППТ.

Според Агенцијата, во 2020 година, со почнување на пандемијата, туристичкиот сектор застана, во 2021 година се направија првите чекори за негово заздравување.

-Тоа дава надеж дека во 2022 година ќе се прилагодиме на новата реалност и ќе продолжиме да ја менаџираме пандемијата, да градиме туристички сектор базиран на зелениот концепт и одржливост на дестинациите. Македонија е можеби последната неоткриена туристичка дестинација во Европа која ги содржи сите можности за брзо закрепнување во туризмот, а вие треба да ја откриете и овозможите да стане достапна на туристите и слободните патувачи – изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Придобивките од учеството на земјава на светската манифестација „Дубаи Експо 2020” под мотото „Нови можности” и под слоганот „Дом на секој чекор” овозможува подигнување на видливоста на земјава во регионот на Блискиот Исток, како и во светски рамки. Како што наведува Агенцијата, се отвораат нови можности за зголемување на бројот на странски туристи, креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Dubai Expo
Претходен напис Водостојот на реките се зголемува, нивоата на езерата исти како вчера
Следен напис Се преземаат мерки за контрола и заштита од африканска чума кај свињите во Делчевско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?