Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се преземаат мерки за контрола и заштита од африканска чума кај свињите во Делчевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се преземаат мерки за контрола и заштита од африканска чума кај свињите во Делчевско
Агровести

Се преземаат мерки за контрола и заштита од африканска чума кај свињите во Делчевско

Објавено 10/01/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од сите заклани свињи ќе се земаат поримероци за лабораториско испитување и утврдување на присуството на вирусот, информираа од Општина Делчево.

По откривањето на првите сличаи на aфриканска свинска чума чиј вирус е пронајден во одгледувалиште во делчевското село Драмче, од денеска почнува депопулација на свињите во заштитната зона во радиус од 3 километри околу потврдените жаришта на две одгледувалишта во с. Драмче, вклучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, како една од мерките кои ќе се преземат во однос на контрола и заштита од болеста афиканска чума кај свињите.

Ова е главниот заклучок по одржаниот координативен состанок одржан во Општина Делчево, на кој присуствуваа претставници од Агенцијата за храна и ветерина, ветеринарни станици и инспектори од Делчево, Берово, Виница и Кочани, претставници од МЗШВ, од ЦУК Делчево, како и претставници од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница”, пренесува Канал 5.

На состанокот како што информираа од Општина Делчево беа формирани тимови кои ќе ги следат насоките од Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста африканска чума кај свињите во кои спаѓа и задолжително почитување на биосигурносни мерки и забрана за чување свињи на отворено.

-Согласно со овие насоки, во втората зона, односно зоната под надзор во радиус од 10 километри околу потврдените жаришта што ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Македонска Каменица, Селник, Косевица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Илиово, ќе се врши контрола на сите одгледувалишта, а се забранува и движење на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Од сите заклани свињи ќе се земаат поримероци за лабораториско испитување и утврдување на присуството на вирусот, информираа од Општина Делчево.

Во акцијата за контрола и превенција од болеста африканска чума како што додадоа со логистичка поддршка и потребните ресурси се вклучува и Општина Делчево, а директно се вклучуваат и екипи и механизација од ЈКП „Брегалница”.

По откривањето на првите случаи на Африканска свинска чума во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините: Берово, Делчево, Виница, Зрновци, Карбинци, Кочани, М. Каменица, Пехчево, пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип целосно се забранува ловот, а на целата територија на Република Макеоднија ќе биде спроведен вонреден попис на свињите и клинички прегледи најдоцна до 31.01.2022 година.

Првиот случај на присуство на болеста африканска свинска чума врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина е откриен на 6 јануари 2022 година, при што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) констатираше угинати 14 свињи, а во одгледувалиштата, каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:свинска чума
Претходен напис Нови можности за туристичка промоција на Македонија на „Дубаи Експо 2020”
Следен напис Зголемување на цените на нафтените деривати, најголем скок на цената на дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?