Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Забранет ловот и на ловиштата во Делчевско поради африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Забранет ловот и на ловиштата во Делчевско поради африканска свинска чума
Агровести

Забранет ловот и на ловиштата во Делчевско поради африканска свинска чума

Објавено 08/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По откривањето на случаи со африканска свинска чума во одгледувалиште во делчевското село Драмче, забранет е ловот и на ловиштата во Делчевско.

Поради новонастаната состојба, соопштение до членството денеска упатија од Ловното здружение „Острец” од Делчево од каде ги повикаа ловџиите да се придржуваат до забраната за лов на секаков вид дивеч, а претходно тоа го сторија и од Ловното здружение „Каменица Саса”.

-Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение Острец Делчево дека заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче, стои во соопштението од ЛЗ „Острец” од Делчево.

Појавата на африканска свинска чума по претходно преземени контролни мерки е утврдено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на направени лабораториски наоди добиени од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.

Епидемиолошката состојба со болеста африканска свинска чума, како што стои во решението издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, се прогласува во заштитните зони во радиус од три километри околу потврдените жаришта вклучувајки ги и населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево. Согласно решението, зони под надзор во радиус од 10 километри каде е потврдена болеста ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Илиово.

Дополнително во сите ловишта во Источниот регион, во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип целосно се забранува ловот, при што еднаш неделно ловните друштва имаат задолжение да вршат пребарување на ловиштето, со цел пронаоѓање на угинати диви свињи чии примероци треба да се пријават кај официјални ветеринари.

Агенцијата за храна и ветеринарство согласно новнастаната состојба на територијата на цела држава, издаде наредба да биде спроведен вонреден попис на свињите со клинички преглед најдоцна до 31,01.2022 година. Притоа забранет е секаков промет и движење на свињи, одржување на изложби и друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на територијата на Република Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:свинска чума
Претходен напис Поради појава на Африканска свинска чума забранет ловот на ловиштата во Македонска Каменица
Следен напис Потврден прв случај на Африканска свинска чума во земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?