Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите
Субвенции

Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Објавено 30/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 41 субјект исплати близу 22 милиони денари за плата за овчарите. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства кои се стекнале со право за добивање на ваква поддршка.

„Финансиската поддршка за оваа мерка е исплатена на сите сточари кои во период од една година не го намалиле бројот на вработени. Фармерите кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина над 700 метри, односно регистрираните одгледувачници се наоаѓаат во населени места со надморска висина над 700 метри добија поддршка од 100% од просечната плата во дејноста за период ноември 2018 до декември 2020 година. Оние фармери кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина под 700 метри надморска висина добија помош од 60 % од просечна месечна нето – плата во секторот“ – информира Бачовски.

Средствата се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Максималниот износ на исплатени средства е до 360.000 денари од вработен и за не повеќе од 20 вработени.

Агенцијата продолжува да биде партнер на земјоделците и сточарите. Во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за субвенции на сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на истата и не се должници кон АД. Водостопанство, АД. Пасишта или за закуп на земја преку МЗШВ.

Може да ви се допадне

Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Денеска се ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ за ОВЦИ за 2025 година
Таг:овчари
Претходен напис Мед од маслодајна репка – специфичен, но лековит и со исклучителен квалитет
Следен напис „Отворен Балкан“ – Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?