Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Отворен Балкан“ – Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Отворен Балкан“ – Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите
Агровести

„Отворен Балкан“ – Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите

Објавено 30/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ за РТС изјави дека од понеделник започнува „Отворениот Балкан“ меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, усогласени се сите лабораториски анализи, така што на границите нема фитосанитарна и ветеринарна инспекција и ништо нема да биде на штета на квалитетот на стоката.

Откако пратениците го поддржаа Договорот за соработка во ветеринарната, фитосанитарната област, како и областа за безбедност на храната, се поставува прашањето дали се исполнети сите услови за договорите од Тирана во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, да почнат да се применуваат од 3 јануари.

Министерот Недимовиќ гостувајќи во дневникот на РТС рече дека приказната за иницијативата „Отворен Балкан“ е договор за иднината и дека таа ги урива бариерите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Од понеделник почнува „Отворен Балкан“, што практично значи дека ако храната тргнува од Северна Македонија, не мора да се контролира во Македонија, па во Србија. Ги усогласивме лабораториските анализи, за да нема фитосанитарни и ветеринарни инспекции на граничните стоки“, вели Недимовиќ.

Според неговите зборови, комплетната размена меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија во секторот храна изнесувала 420 милиони евра со границите.

„Замислете колку простор се отвора во оваа област, нема повеќе чекање на границите. Добиваме уште еден простор, 50 отсто повеќе население каде што можете да ја пласирате својата стока“, посочи Недимовиќ.

Тој додаде дека Србија во 2021 година има 5 милијарди долари извоз на стоки, а претпоставува дека ќе достигне милијарда евра во новиот простор во рамки на „Отворениот Балкан“.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:границаотворен балкан
Претходен напис Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите
Следен напис (ФОТО) Никола одгледува 50 кози на фармата во Слепче: Интересот за производите од козјо млеко е во голем пораст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?