Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Никола одгледува 50 кози на фармата во Слепче: Интересот за производите од козјо млеко е во голем пораст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > (ФОТО) Никола одгледува 50 кози на фармата во Слепче: Интересот за производите од козјо млеко е во голем пораст
Сточарско производство

(ФОТО) Никола одгледува 50 кози на фармата во Слепче: Интересот за производите од козјо млеко е во голем пораст

Објавено 30/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Никола Муловски од Слепче, Демир Хисар, сопруг и татко на 3 деца, на својата фарма во селото Слепче, оддалечено два километри од Демир Хисар, одгледува кози од 2015 година. На тоа во најголема мера го поттикнала љубовта кон овие благородни животни.

-Уште мојот дедо чувал десетина кози и љубовта кон нив продолжува да се одржува во нашето семејство. Моментално имаме околу 50 грла, 30 големи и дваесетина женски јариња оставени за приплод. Козјото млеко е далеку поздраво од кравјото и има околу 80% сличности со мајчиното што е и препорачливо од педијатрите за малите деца – вели Никола.

Козарството им е семеен бизнис, а околу работата на фармата помагаат сите членови од семејството на Никола.

-Козите ги чуваме во монтажни објекти од дабово дрво (штици), а објектите се правени со сопствени средства. Ги храниме со сено, детелина, јачмен, пченка, резанец кои во најголема мера сами ги произведуваме. Обработуваме околу 50-тина декари земја од кои 20 се за пченка, 20 за жито и 10 за детелина.

Никола во својот асортиман покрај козјо месо има и други различни производи направени од козјото млеко.

-Од козји производи имаме традиционално бело сирење, жолто сирење, сирење со секаков вид зачини по желба на купувачот, кисело млеко, павлака, урда, сурутка и многу други производи. Кај нас љубителите на јарешко месо имаат можност да порачаат и јаре печено во фурна на стар традиционален начин.

Никола вели дека во моментов цената на козјото млеко е ниска со оглед на тоа колку е квалитетно.

-Цената на литар козјо млеко моментално е пониска од цената на литар флаширана вода, некаде околу 19 денари, што е многу мала. Затоа повеќе ни се исплати да произведуваме сирење и други производите од козјо млеко кои се во голем пораст и има голема побарувачка од граѓаните.

Никола смета дека предност за него и неговото семејство е што сами произведуваат храна за козите. Тоа е и основниот услов ако некој сака да се занимава со козарство. Без сопствено производство на добиточна храна овој период не е поволен да се започнува со одгледување кози.

„Ако имаат барем половина од потребната храна за козите нека пробаат, а ако немаат ништо нека не пробуваат воопшто, бидејќи моменталната цена на храната е скокната за повеќе од дупло“ – вели Никола.

За да се поттикне одгледувањето на кози во нашата држава, Никола смета дека најбитно е да има загарантиран откуп и цена на млекото и на јаре.

-Државата малку повеќе да води сметка како за нас сточарите така и за земјоделците. Да има загарантиран откуп и цена на млекото. Исто така да има откуп на јарето.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:козарска фарма слепче
Претходен напис „Отворен Балкан“ – Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите
Следен напис Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалаци во умерени количини, без пиротехника и оружје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?