Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалаци во умерени количини, без пиротехника и оружје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалаци во умерени количини, без пиротехника и оружје
Агровести

Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалаци во умерени количини, без пиротехника и оружје

Објавено 30/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Умерено да се консумира храна и алкохолни пијалаци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хронично болните редовно да ја земаат терапијата, препорачуваат од Службата за Итна медицинска помош и од Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници.

Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало за МИА изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје. Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.

– Алкохолни труења може да се случат и кај децата на возраст под 18 години. Тие не треба да консумираат алкохол. Продавниците не треба да продаваат алкохол и цигари на деца под 18 години. За жал некаде и родителите им купуваат алкохол на децата. Порано немаше, но сега во продавниците има и безалкохолен шампањ – рече Бубало.

Таа посочи дека Службата за ИМП работи 24 часа, а во текот на новогодишните празници ќе работат и дежурните албуланти.

– Од утревечер од 19:30 до понеделник до 7:30 ќе работат дежурните служби, амбулантите во рамки на здравствените домови односно што се под ингеренции на Службата за ИМП. Има седум дежурни амбуланти при поликлиниките „Бит Пазар“, „Ченто“, „Драчево“, „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“, „Чаир“, „Шуто Оризари“. Во рамки на Службата за ИМП е и домашната посета и таа ќе работи нормално како и секој викенд, додаде Бубало.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Ридван Бајрами за МИА изјави дека се надева оти граѓаните нема да претеруваат со внес на храна и алкохолни пијалаци.

– Минатата година бевме одлични во врска со интоксикации за новогодишната ноќ и за време на божикните празници. Бројот на пациенти беше релативно минимален споредено со другите години. Се надевам дека и годинава ќе биде така и дека ќе се почитуваат и мерките на претпазливост од Ковид-19 кои вклучуваат и дистанца, додаде Бајрами.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нова година
Претходен напис (ФОТО) Никола одгледува 50 кози на фармата во Слепче: Интересот за производите од козјо млеко е во голем пораст
Следен напис (ВИДЕО) Димковски: Со отворањето на границите, нема да има опасност од наплив на албански и српски зеленчук на домашниот пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?