Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизводителите поради последиците од пандемијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизводителите поради последиците од пандемијата
Агровести

Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизводителите поради последиците од пандемијата

Објавено 29/12/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Генералниот секретаријат на Владата ја почна исплатата на финансиската поддршка за земјоделците кои произведуваат ориз, со што тие добиваат по три денари за килограм предадена арпа кај регистрираните откупувачи.

Исплатата се реализира според законските мерки што претходно ги донесе Собранието, а како помош при надминувањето на влијанието од ковид пандемијата врз производството и пласманот на оризот.

-По сеопфатните анализи што во изминатиот период ги направи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до Владата беше предложен Закон за финансиска поддршка за намалување на последиците од пандемијата. Според усвоеното законско решение, помошта ќе ја добијат земјоделците кои предале оризова арпа во периодот од 1 јануари до 15 декември годинава. Генералниот секретаријат на Владата ќе им исплати паричен надоместок на вкупно 1401 барател по оваа мерка. Притоа, вкупната количина на предадена оризова арпа во наведениот период изнесува 21 милион килограми, а ќе се исплатат 61 милион денари, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство од Кочани.

Од ресорното министерство информираа дека покрај интервентната финансиска помош, зголемени се и редовните субвенции за оризот од 25 на 30 илјади денари за хектар, а има и пораст од 50 на 70 отсто кај надоместокот за „зелена нафта“.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Оризопроизводителитепандемијатафинансиска поддршка
Претходен напис (ВИДЕО) Бачовски: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството оваа 2021 година оствари рекордни исплати по сите три програми, со што реализацијата на средствата е над 99 %
Следен напис (ВИДЕО) Бабовски: Агенцијата за храна и ветеринарство успешно ја заокружува 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?