Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на доматите во Европа ја диктира Мароко, Полска главен извозник, но и увозник на домати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цената на доматите во Европа ја диктира Мароко, Полска главен извозник, но и увозник на домати
Пазари

Цената на доматите во Европа ја диктира Мароко, Полска главен извозник, но и увозник на домати

Објавено 28/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вообичаено е цената на доматите во првите зимски месеци да биде во благ пад. Годинава цените беа повеќе од просечни, но тој пад сепак се почувствува. Меѓутоа во ноември дојде до скок на цените, освен во Шпанија, за што сведочат податоците на Европската комисија. Просечната цена изнесуваше 1,37 евра/кг, што е помалку од октомври и помалку од лани во ноември, кога беше 1,43 евра/кг.

Причините за поскапувањето се многубројни, наведува Hortidaily. Климатските промени и сушата го земаа својот данок кога станува збор за производство на отворено, бидејќи ја зголемија потрошувачката на вода за наводнување. Тука е и појавата на нова вирусна болест. Вирусот на кафената набрчканост на плодот, ToBRFV, првпат се појави на Сицилија и во Германија во 2018 година, а потоа се прошири и во многу други европски земји. Истовремено поскапеа и семињата, ѓубривата, енергијата, прихраната, средствата за заштита на растенијата.

Конкуренцијата доаѓа од Мароко

Традиционални производители се Италија и Шпанија, но и тие наидоа на многу тешкотии во производството. Производителите во Италија имаа проблеми предизвикани од високите температури и ширењето на ToBRFV. Сепак, и покрај сѐ, овој пазар остана стабилен. Просечната цена благо порасна во ноември, но и ова зголемување е помало од цената во ноември во периодот од пет години.

Во Шпанија, површината под овој зеленчук веќе неколку години се намалува поради конкуренцијата на поевтиниот домат од Мароко. Цената падна во просек за 0,99 евра, што е најголем пад на цените во Европа, но беше и мал пораст над петгодишниот минимум.

Податоците на Европската Унија покажуваат дека просечната вредност во Холандија е 1,20 евра/кг, што е помалку отколку во октомври. Споредено со претходните пет години, таа е рекордна. На пазарот е забележана помала количина поради намаленото производство предизвикано од поскапувањето на енергенсите.

Полска и извозник и увозник

Полска се појавува како главен извозник на домати и преработки, но и увозник. Само во 2019 година извезле над 73.000 тони свежи домати. Најголеми купувачи се Германија, Обединетото Кралство, Белорусија. Во исто време, Полска е исто така главен увозник на свежо овошје од Шпанија, Холандија и Мароко.

Франција има помали површини под оваа култура и е поголем увозник. И покрај ова, цените во ноември беа речиси идентични со оние во 2020 година.

Се чини дека ситуацијата на овој пазар е диктирана од понудата на Мароко, бидејќи во октомври 2021 година од таа земја во ЕУ пристигнале 18 отсто повеќе домати отколку во 2020 година.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Седница на Потсекторската постојана група за жита во МЗШВ
Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени
Шефицата на ММФ предупредува:  Војната на Блискиот Исток води до повисоки цени и побавен раст
„Агро Геа“: МУЛЧЕРИ со кардан по одлични цени!
Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи, бараат да се повисоки за околу 20 отсто
Таг:марокоцени
Претходен напис Зголемено нивото на Дојранското Езеро, повеќе реки под просекот за декември
Следен напис Повеќе од половина од светските резерви на житарки се во Кина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?