Во лабораторија на Универзитетот „Лунд“ во Шведска, Ева Торнберг, професорка на Катедрата за прехранбена технологија, инженерство и исхрана, развила емулзиска технологија за мешање на компири и масло од репка. На тој начин придонела млекото од компир да се стави на полиците со намирниците, заедно со сите билни замени за млеко направени од соја, бадеми, индиски ореви, овес, киноа, кокос, јачмен, лешници, макадамија и коноп.
Шведскиот бренд DUG, веќе ги разгоре страстите на социјалните мрежи, благодарение на млекото кое доаѓа во три вкуса: оригинално, незасладено и барист, препорачано за топли напитоци.
Прашањето е што има да понуди млекото од компир што им недостасува на другите млечни и вештачки млечни производи?
Експертите велат дека одговорот е – Одржливост. Како што тврдат, ако луѓето се префрлат од кравјо млеко на компирово, би можеле да го намалат влијанието врз климата за 75%, но дури и ако веќе сте љубител на млеко од растително потекло, млекото од компир има предност за одржливост во однос на јаткастите плодови и другите извори што не се од кравјо млеко. На компирот му треба помалку вода кога расте. Според статистичките податоци на DUG, на компирот им треба 56 пати помалку вода отколку на бадемите кои растат на иста површина, а одгледувањето компири е двојно поефикасно од одгледувањето овес.
Сите три вида од ова млеко на иднината имаат ист состав – вода, компири, малтодекстрин, протеин од грашок, влакна од цикорија, масло од репка, регулатор на киселост, сончогледов лецитин како емулгатор, витамини со додаден калциум карбонат и ароми и засладувачи, во зависност од тоа што ќе одберете. Има многу придобивки, нутритивни и еколошки, од ова млеко, кое наскоро треба да се најде на полиците на европските продавници, но дали ќе заживее исто како и претходните алтернативи, останува да видиме.
