Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Агровести

Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство

Објавено 21/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, присуствуваше на отворањето на **Smart Nursery**, современ расадник за производство на саден материјал од лешник, реализиран во соработка со меѓународни партнери, научната заедница и приватниот сектор.

Пред свеченото отворање, Хоџа го посети и современиот погон за преработка на лешници, каде што одблиску се запозна со современата технологија и процесите на селекција, сортирање, миење, печење, мелење и пакување на финалниот производ, согласно современите стандарди на прехранбената индустрија.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека современото земјоделство бара инвестиции во знаење, технологија и иновации, оценувајќи дека ваквите проекти создаваат додадена вредност, ја зголемуваат конкурентноста на домашното производство и отвораат нови можности за земјоделците.

„Квалитетниот саден материјал е основа за успешно производство. Кога на едно место се поврзани производството на садници, современата технологија и преработката на земјоделските производи, се создава модел што носи додадена вредност за целиот сектор. Тоа е патот по кој треба да се развива нашето земјоделство“,истакна Хоџа.

Тој упати честитки до Бошко Нелкоски, неговото семејство и сите партнери за реализацијата на проектот, нагласувајќи дека ваквите иницијативи се доказ дека соработката меѓу приватниот сектор, институциите и меѓународните партнери носи конкретни резултати и придонесува за модернизација на македонското земјоделство.

МЗШВ

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Таг:земјоделствоПаметен расадникСтругаХоџа
Претходен напис УХМР: Нестабилно време до петок, локално можно невреме со град
Следен напис До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?