Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
Агровести

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Објавено 21/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата денеска донесе одлука за прогласување кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена.

Одлуката е донесена на денешната 195. седница, на предлог на Управувачкиот комитет, во состав: министерот за одбрана – Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, министерот за здравство – Сашо Клековски, министерот за транспорт – Александар Николоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов, како и надворешните членови: министерот за животна средина и просторно планирање – Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Борче Серафимовски, директорот на СОЗР – Ивица Томовски, директорката на Институтот за јавно здравје – Марија Андоновска, директорот на АХВ – Оливер Миланов, директорката на Инспекторатот за животна средина – Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје – Орце Ѓорѓиевски.

– Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување кризна состојба сè со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок – се наведува во соопштението на Владата.
 
Здравјето на граѓаните на општина Гостивар, се додава во соопштението, останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем.
 
Дополнително, од Владата нагласуваат дека од ЈО очекуваат да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот и додаваат дека одговорност мора да има за секој еден што ги ставил во ризик здравјето и животите на гостиварци.
 
На денешната седница, Владата, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
 
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“. 

МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Таг:30-дневнаВладатаГостиваркризна состојба
Претходен напис До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Следен напис ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?