Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рестартирано производството на вештачките ѓубрива – Дали поголемата понуда ќе резултира со пад на цените?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рестартирано производството на вештачките ѓубрива – Дали поголемата понуда ќе резултира со пад на цените?
Агровести

Рестартирано производството на вештачките ѓубрива – Дали поголемата понуда ќе резултира со пад на цените?

Објавено 23/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високите цени на вештачките ѓубрива ги натераа компаниите да го обноват производството, по неколку месeци застој. Компанијата „Yara“, најголемиот производител на азотни ѓубрива, вели дека производството е повторно профитабилно и дека најголемиот дел од нивното европско производство е во функција. Компанијата пред неколку дена објави дека не може да исклучи намалување на производството на амонијак доколку е потребно.

Оттаму тврдат дека рекордно високите цени на природниот гас и логистичките проблеми довеле до зголемување на цените. Како резултат на тоа, од септември тие го намалија или целосно го суспендираа производството на амонијак во голем број погони во Европа.

Производството на амонијак во оваа компанија од септември до ноември изнесувало само 30 отсто од нормалниот капацитет, а недостатоците ги надоместувале со купување од нивните фабрики лоцирани надвор од Европа и сопствената продажна мрежа. Инаку, „Yara“ може да произведе 8,5 милиони тони амонијак годишно во светот, од кои 4,9 милиони тони во Европа.

Цените на бензинот, во меѓувреме, повторно нагло пораснаа и би можеле повторно да ја забават експанзијата на производството. Во основа, пазарот сѐ уште е крајно напнат.

Кога ќе паднат цените?

И покрај рекордните цени оваа година, глобалната побарувачка за азотни ѓубрива се предвидува да се зголеми во 2022 година. Гледано на среден рок, високите цени може да доведат до зголемување на понудата или производството што на крајот ќе резултира со пад на цените.

Во организација на меѓународните производители на ѓубрива IFA, стапката на раст на вкупната побарувачка се очекува да забави во финансиската 2021/22 година. Но, се предвидува дека цените нема да паднат до втората половина на 2022 година, пренесува Agroklub.

Во моментов, многу производители го одложуваат одржувањето на нивните погони за да продолжат да го произведуваат толку потребниот азот.

Помалку површина под пченица и пченка?

Кога станува збор за земјоделците кои најмногу ќе бидат погодени од ова поскапување, Исаур Перо, аналитичар во француската компанија за анализа на пазарот Агрител, вели дека во оваа земја во одгледувањето на пченицата во 2022/23 година ќе има зголемување на трошоците за 21 отсто, во однос на претходната сезона. За Украина, на пример, се предвидува зголемување од 9 отсто, а разликата меѓу двете земји е во тоа што француското земјоделство е интензивирано и бара повеќе азотни ѓубрива.

Во слична ситуација ќе бидат и одгледувачите на пченка, поради што се верува дека површината под овие жита ќе се намали додека ќе се зголеми кај оние за кои се потребни помалку ѓубрива како пролетен јачмен, сончоглед, грашок, соја, пишува tere.net.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ѓубрива
Претходен напис Бачовски: Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенции по повеќе мерки
Следен напис Шест европски трговски ланци ја запираат продажбата на говедско месо од Бразил
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?