Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Библиотеки од слама кои им овозможуваат на минувачите ментално да се релаксираат „никнаа“ на лондонските улици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Библиотеки од слама кои им овозможуваат на минувачите ментално да се релаксираат „никнаа“ на лондонските улици
Магазин

(Фото) Библиотеки од слама кои им овозможуваат на минувачите ментално да се релаксираат „никнаа“ на лондонските улици

Објавено 17/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да се укаже на важноста на менталното здравје, на улиците во Лондон деновиве се појавија интересни инсталации од слама во кои минувачите можат да влезат, да се опуштат и да си посветат себеси неколку моменти.

Изгледот на оваа уникатна читална го дизајнирало архитектонското биро „Caukin Studio“, со поддршка и експертиза од локалната терапевтска услуга Self Space.

Фото/Instagram

„Отсекогаш сме биле заинтересирани за тоа како архитектурата и уметноста можат да создадат позитивно општествено влијание. Проектот има за цел да ги тргне посетителите од метежот и вревата во центарот на Лондон во удобен личен простор каде што ќе се чувствуваат удобно да ослободат некои од нивните лични мисли“, изјави коосновачот на студиото Caukin, Харисон Маршал за странските медиуми.

Фото/caukinstudio.com

Внатрешноста на оваа „ментална библиотека“ е направена од природни материјали и се обидува да создаде безбедна атмосфера во која луѓето се чувствуваат доволно удобно да разговараат или размислуваат за своето ментално здравје. На влезот се користеле светли бои и светла за да се разбудат различни емоции и спомени. Розовото осветлување има тенденција да ги плени посетителите со топол сјај, додека сината боја го рефлектира светлото небо. Внатре, зелените растенија и книгите за самопомош се наредени на дрвени полици, додека посетителите можат да седат на дрвена клупа и да водат дневник во приватен, мирен амбиент.

Фото/caukinstudio.com

„Бевме инспирирани од проектите што ги завршивме во тропските предели во светот и создадовме простор направен од природни материјали; со сламена постава што поверојатно е да ја најдете покрај индонезиските плажи отколку до канцеларискиот блок во Лондон“, рече Маршал.

Фото/Instagram

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:лондонслама
Претходен напис Познатиот глумец го претворил својот ранч од 124 хектари во огромно прибежиште за пчели
Следен напис Целосно се укинуваат или намалуваат на ниво на ЕУ, царинските стапки за 258 тарифни ознаки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?