Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Целосно се укинуваат или намалуваат на ниво на ЕУ, царинските стапки за 258 тарифни ознаки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Целосно се укинуваат или намалуваат на ниво на ЕУ, царинските стапки за 258 тарифни ознаки
АгровестиПазари

Целосно се укинуваат или намалуваат на ниво на ЕУ, царинските стапки за 258 тарифни ознаки

Објавено 18/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со измените на царинскиот тарифник кои беа усвоени на овонеделната седница на Влада, после долго време се донесе одлука целосно да се укинат, или да се намалат на нивото на царинските стапки во ЕУ, стапките за 258 царински тарифни ознаки. Тоа значи дека нашата преработувачка индустрија ќе има дополнителна конкурентска предност пред се на европскиот но и на другите светски пазари.

По основ на овие 258 царински тарифни ознаки државата во 2020 година има наплатено околу 810 милиони денари (13 милиони евра) царински давачки, што само по себе кажува дека со овие промени во царинскиот тарифник ние како Влада, без да имаме било каква обврска кон ЕУ или било кој друг меѓународен договор, преземаме мерки со кои ќе го олесниме работењето на компаниите од преработувачката индустрија, и ќе дадеме дополнителен стимул за уште поголеми инвестиции во овој сегмент кои ќе значат нови вработувања и подобар живот за многу наши сограѓани.
Јас честопати велам дека за да го постигнеме целосниот економски потенцијал, нашата нова развојна економија бара реструктурирање на домашната економија и поттикнување на производството и преработувачата дејност како сектори кои креираат поголема додадена вредност.

Овие промени истовремено даваат дополнителна потврда за сите компании, независно дали се странски или домашни, дека оваа влада прави системски промени кои ја гарантираат предвидливоста на економската политика на државата, и даваат јасен сигнал дека ние како Влада сме искрен партнер на бизнисот на неговиот пат кон идните успеси. Секако, оваа постапка ќе продолжи се до целосно усогласување со царинскиот тарифник на ЕУ.

Гледано од фискален аспект, ние како држава „се откажуваме“ од наплатата на оние 810 милиони денари за од друга страна да поттикнеме поголем увоз на 258 разни типови суровини и репроматеријали како и отворање на нови фабрики и погони, кои ќе значат зголемување на бројот на работниците, а со тоа ќе имаме поголема наплата на сите останати даноци и придонеси.

???Се зголемува прагот за оданочување на физички и правни лица од 2 на 3 милиони денари.

Уште една значајна мерка која ја донесе Владата е зголемувањето на прагот за ДДВ обврзници од сегашните 2 на 3 милиони денари, што е уште еден доказ дека оваа власт го слуша гласот на бизнисот и граѓаните, и ова долгогодишно барање го претвораме во реалност, со што сите правни и физички лица кои имаат годишен приход до 3 милиони денари ќе бидат ослободени од поднесување ДДВ пријави и плаќање на данок на додадена вредност.

Со овој потег Владата ќе го растовари административниот товар на една поголема група од околу 4.000 правни и физички лица даночни обврзници кои до сега имаа обврска да поднесуваат ДДВ пријави, а од друга страна ќе го намали и товарот на даночната администрација.

Ве уверувам дека на среден рок, за 5-7 години, ова во државата ќе носи голем бенефит кои ќе се почувствува преку животниот стандард и економскиот развој.

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи – Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:влададдвсубвенции
Претходен напис (Фото) Библиотеки од слама кои им овозможуваат на минувачите ментално да се релаксираат „никнаа“ на лондонските улици
Следен напис Азески: Компаниите покажаа жилавост во време на криза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?