Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Познатиот глумец го претворил својот ранч од 124 хектари во огромно прибежиште за пчели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Познатиот глумец го претворил својот ранч од 124 хектари во огромно прибежиште за пчели
Магазин

Познатиот глумец го претворил својот ранч од 124 хектари во огромно прибежиште за пчели

Објавено 17/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холивудскиот актер Морган Фримен е пофален за чин кој не е поврзан со неговата актерска кариера. Имено, Фримен својот простран ранч во Мисисипи го претворил во прибежиште за пчели. 84-годишниот актер поставил 26 кошници на својот ранч и засадил видови на растенија и дрвја што ги сакаат пчелите, меѓу кои лаванда и магнолија. Вели дека го направил тоа откако дознал за проблемите со пчелите ширум светот.

„Имаше застрашувачки загуби на пчелни заедници, особено во оваа област. Нивната бројка опаѓа до тој степен што научниците сега велат дека ова е крајно опасно. Не разбираме дека пчелите се основата на сè, растот на планетата и вегетацијата“, изјави легендарниот актер во едно интервју.

Фото/Instagram

Фримен е активен и страстен екологист со децении. Климатските промени и помошта при катастрофи остануваат негови приоритети, но пчелите станаа негова страст откако увезе колонии на неговиот простран ранч.

Во раната фаза, тој дознал дека мора да ги нахрани своите нови гости со шеќер и вода откако ќе бидат отстранети од нивната природна средина. Додека пчелите се прилагодувале на нивниот нов дом, Фримен засадил магнолија, детелина, лаванда и овошни дрвја погодни за пчели. Во тоа му помогнал градинар кој и денес се грижи за нивните потреби.

Свесен дека голем дел од глобалното исчезнување на пчелите се должи на зголеменото уништување на нивните природни живеалишта, Фримен работел на тоа да ја направи својата фарма што е можно поодржлива.

Иако заштитните пчеларски костуми се стандардни за оние кои се на терен, Фримен тврди дека не му требаат бидејќи тие „никогаш нема да го боцнат“.

„Сè уште не ме боцнале бидејќи не се обидувам да им земам мед или нешто друго, туку само ги хранам. Мислам дека го разбираат тоа и си велат: „Нема да му пречиме на типов, ни носи шеќерна вода“, вели новопечениот пчелар.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:морган фрименпчели
Претходен напис Сурутка за долг живот – Го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови
Следен напис (Фото) Библиотеки од слама кои им овозможуваат на минувачите ментално да се релаксираат „никнаа“ на лондонските улици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?