Откупот на тутунот од годинашната реколта е во тек. Од 8 регистрирани откупувачи 7 започнаа со откуп, според директорот на Земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ, до 15 декември треба сите откупувачи да започнат со откуп
„Сите откупувачи обезбедија финасиски средства за исплата на тутун. Од предвидените 173 откупни пунктови откупот отпочна на 95 откупни пунктови.
Заклучно со петок, 10 декември откупени се 910.000 кг тутун со просечна цена од 180 денари.
Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен и во рамките на својите законски надлежности ќе врши надзор над откупот.“, изјави Шапуриќ
