Од денеска е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за набавени пчелни матици, нерези и назимки, соопшти директорот на АПРЗ, Никица Бачовски.
Сите оние кои набавиле пчелни матици, нерези и назимки во период од 01.01.2021 – 30.09.2021 ќе може да аплицираат за поврат на нивната инвестиција и тоа :
„Сите кои се регистрирани земјоделци и набавиле пчелини матици ќе можат да добијат подддршка до 600.000 денари по корисник, додека поддршка до 6.500.000 денари по корисник ги следува сите кои имаат набавени чистокрви или хибридни свињи назимки или нерези. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на веќе завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрени прифатливи трошоци за реализација на инвестицијата. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55% поврат на прифатливата сума во случаи кога инвестицијата е реализирана од страна на млад земјоделец. До 60% од прифатливите трошоци се прифатливи за сите фармери кои имаат инвестиции во подрачја со ограничени можности,додека 75% поврат на прифатените средства за реализираната инвестиција ги следува фармерите кои имаат инвестиции во недостапни рурални заедници. “ – информира Бачовски.
Стапката на кофинансирање се движи од 50% до 75% во зависност од видот на земјоделското стопанство.
Барањата се поднесуваат електронски со регистрирање на порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk
Краен рок за поднесување на барања е 31.12.2021 година.
