Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ледено вино – вино од најдоцната берба на грозје, кое се бере рачно и во темница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Ледено вино – вино од најдоцната берба на грозје, кое се бере рачно и во темница
Магазин

Ледено вино – вино од најдоцната берба на грозје, кое се бере рачно и во темница

Објавено 06/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Леденото вино е многу специфичен и скап пијалак кој е исклучително редок, иако луѓето знаат за него уште од римско време.

Технологијата на правење ледено вино не се променила значително од антички Рим. Специфичноста на ова вино лежи во тоа што се прави од грозје од најдоцната берба – декемвра, односно ноемвриска, во постудените региони. Додека дојде времето за оваа берба, грозјето е полно со шеќер, а за производство на ова вино климатските услови се клуч за квалитет.

Бербата се врши кога температурите паѓаат под нулата. Производителите од различни делови на Европа (Германија, Австрија), па дури и од светот (Канада), имаат различни правила. Едно од овие правила вели дека бербата се врши кога температурата 7 дена континуирано не надминува -7 степени Целзиусови.

No photo description available.
Фото: Facebook

Правилото до кое секаде се држат производителите е – колку е пониска температурата, толку е поголема концентрацијата на шеќер.

Грозјето се бере исклучиво рачно и во темница. Бербата мора да заврши пред утро и пред утринското сонце. Веднаш по бербата на плодот се започнува со преработка.
Во такви услови водата во грозјето која е замрзната останува во значителна количина во комињето по цедењето на ширата. Од набраната количина грозје се добива само 15% шира, во споредба со количината која би се добила доколку грозјето било обрано пред мразевите. Леденото вино содржи и понисок волумен на алкохол – околу 8%.

Исклучително е важно во грозјето, покрај високата концентрација на шеќер, да има и висока концентрација на киселини. Во спротивно виното нема да биде квалитетно.

И црвеното и белото грозје може да се користат за производство на ледено вино. Од белото грозје, кое почесто се користи за правење ледено вино, се препорачува ризлинг (италијански, т.е. грашевина или рајнски), што е логично ако се земе предвид дека се работи за сорти со висока содржина на киселина.

No photo description available.
Фото: Facebook

Покрај ризлинг, како бели сорти може да се користат и траминец, шардоне и пино гриџо. Од црните сорти, најпопуларни се мерло и пино ноар, но може да се користат и каберне совињон и каберне франк.

Вакво вино може да се прави исклучиво во текот на посебни години, со паузи помеѓу две такви берби од најмалку 3 години.

Ледените вина се екстремно скапи, невозможно е да се најде ледено вино под 25 евра за шише од 375 милилитри, а со стареењето цената само расте.

Постојат добри причини зошто ваквите вина имаат висока цена. Со оставањето на грозјето на виновата лоза, винарите ризикуваат многу затоа што малку е потребно за да пропадне целата берба. Цената ја зголемува и рачната берба навечер и во зима. Исклучително нискиот рандман и неможноста да се прави вакво вино секоја година само придонесува за високата цена.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ледено вино
Претходен напис Хибридна ФИРА 2021 – На Меѓународен форум за земјоделска роботика, 40 Аg роботи и 70 изложувачи, може да се присуствува и онлајн
Следен напис Водостојот на поголемиот дел од реките понизок од декемврискиот просек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?