Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Медот сѐ поскап, пчеларите се правдаат со поскапувањето на сите артикли на пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Медот сѐ поскап, пчеларите се правдаат со поскапувањето на сите артикли на пазарот
Агровести

Медот сѐ поскап, пчеларите се правдаат со поскапувањето на сите артикли на пазарот

Објавено 02/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонскиот мед има сѐ повисока цена на пазарот и од месец во месец станува сѐ поретко достапен кај мнозинството граѓани иако во европски рамки бројот на потрошени килограми мед по глава на жител е во постојан пораст. И медот со најлош квалитет што се нуди на пазарот невозможно е да се најде по цена пониска од 500 денари, а поквалитетниот се продава по цена од 600 и 700 денари за тегла, со тенденција  за натамошен раст.

Пчеларите новите повисоки цени на медот ги правдаат со поскапување на сите артикли на пазарот, како и се помалите количества на мед што ги добиваат и што се нудат во земјава.

-Медот како и сите останати прехранбени продукти ако е природен мора да има своја цена. Секоја година одгледувањето на пчели станува сѐ поскапа работа, а и самата живеачка од ден на ден е сѐ поскапа. Јас, а секако и моите колеги низ годините можеме да потврдиме дека количеството на добиениот мед секоја година е сѐ помало, а често се случува приносите на мед да потфрлат и повеќе години по ред, изјави Васко Максимоски, пчелар од Порече.

Тој посочи дека во оваа дејност и не е се така едноставно, како што тоа изгледа отстрана.

-За да имате здрави пчелни семејства треба барем половината мед од сандаците да им биде оставен на пчелите за зима, како што тоа јас го чинам. Можам да им оставам и друг вид на храна која би ме чинела поевтино, а губитокот на пчели би бил многу поголем, додаде пчеларот Максимоски кој поседува 180 пчелни сандаци.

И пчеларите од Кичевско зголемените цени на пазарот на мед ги правдаат со сѐ повисоките цени за одгледување на пчелите, од лекарства и храна за нив, до сѐ почестите болести кои се појавуваат во пчеларниците и губитоците на повеќе пчелни семејства.

-На граѓаните им е можеби непознато дека одгледувањето на пчели станува се поскапа работа. Токму тоа повлекува и цената на медот од година во година да биде се повисока. Ако добивате мед со висок квалитет без никакви примеси, тогаш ве уверувам дека неговата цена не може да биде ниска и кој сака да ужива во квалитетен мед мора и прописно да плати, посочи Владо Пејоски, пчелар од Кичевско.

Никој, порача, не е во тек со проблемите со кои се соочуваме од се почести болести во пчеларниците, до големо потфрлање во приносите во период од неколку години.

-Тие проблеми секако се причина медот да биде се поскап, бидејќи и овој здрав продукт не може да биде исклучок од останатите намирници кои секојдневно имаат нови, повисоки цени, додаде тој.

Некои пчелари сепак признаваат дека цената на медот е превисока во однос на нашиот стандард,  но како што велат, пчеларите  ја договараат продажната цена и ретко кој не се придржува кон овој договор кој оди во нивна заедничка корист.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:барања од пчеларитеДенови на медотпоскапувањето
Претходен напис Сто осумдесет и пет мостри на оценување за најдобро младо вино од семејни производители
Следен напис Времето денеска променливо облачно, попладне локален дожд и снег на повисоките планини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?