Она што е најинтересно за чварките е тоа што можат да се комбинираат, па имаме лиснато со чварки, омлет со чварки, но и намаз, односно паштета од чварки, која се прави во Војводина, но различни комбинации со состојките и структурата на чварките постојат и јужно од Сава и Дунав. Еве една варијанта на рецептот.
Состојки:
100 гр чварки
2 јајца
1 кромид
1 чешне лук
2 кисели краставички
1 лажичка мајонез
1 кафена лажичка сенф
лимон, сол, бибер
Приготвување:
Сомелете ги чварките, сварете ги јајца и исечкајте ги.
Кромидот и лукот ситно се сецкаат.
Сите наведени состојки соединете ги со малку сок од лимон, сол и бибер и изблендирајте.
Послужете ја паштетата во соодветен сад или ставете ја на пецивото по желба.
