Првиот работен состанок на Здружението „Млад сточар“ се одржа на факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ. На состанокот за претседател беше избран Иван Петров.
Здружението „Млад сточар“ ги повикува сите млади сточари од сите сточарски гранки да им се приклучат, бидејќи, како што велат од Здружението, „само заедно можеме да ги подобриме условите во сточарството“.
Заинтересираните млади сточари можат да добијат повеќе информации на телефонот 076/881-038.
Целта на Здружението е поддршка на младите во сточарството и нивно поттикнување за помасовно вклучување во сточарството.
