Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стабилна хидролошката состојба на Осломејското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Стабилна хидролошката состојба на Осломејското Езеро
Шумарство и водостопанство

Стабилна хидролошката состојба на Осломејското Езеро

Објавено 24/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Осломејското Езеро е едно од ретките во земјава со стабилен водостој.

Хидролошката состојба на Осломејското Езеро е стабилна, а речиси шест месеци нема поинтензивни врнежи од дожд, изјави претседателот на локалниот клуб за спортски риболов „Хантер фиш“, Бесмир Елези. За стабилната хидролошка состојба на езерото, според него, заслужни се пред се подземните извори кои го напојуваат Осломејското Езеро и колкав што е губитокот на вода од испарување, толку и се слева во езерото од подземните извори.

-Осломејското езеро е едно од ретките во земјава со стабилен водостој. За наша среќа езерските води не се користат за наводнување на земјоделски површини или за производство на електрична енергија, што е од исклучителна важност за неговиот стабилен водостој, рече Елези.

Посочи дека стабилниот водостој и богатата езерска вегетација овозможуваат езерото да биде богато со риба и со значително побрз прираст.

– Стабилниот водостој без речиси никакви осцилации и богатата вегетација во езерото, придонесуваат рибниот фонд забрзано да се зголемува, а прирастот на рибите што вегетираат во ова езеро да е многу побрз споредено со слични акумулации во земјава, што е вистински благодет за рибниот фонд во езерото, рече Елези.

Тој најави дека на депресијата создадена на поранешниот коп од рудникот за јаглен Осломеј запад наскоро ќе се создаде уште една езерска акумулација со слична големина, со што на потег од околу 3-4 километри ќе има две вештачки езера, што ќе биде нов квалитет на овој регион за развој на спортскиот риболов.

МИА

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:осломејско езеро
Претходен напис Плашило за птици SCARYBIRD – Еколошки чувар на вашите посеви
Следен напис Утре во 16 часот во Домот на културата во Валандово, ќе се одржи трибина „Договорно производство“, во организација на АГРОТИМ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?