Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Израелците произвеле млеко благодарение на растителните микроорганизми – Велат дека вкусот е идентичен на кравјото млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Израелците произвеле млеко благодарение на растителните микроорганизми – Велат дека вкусот е идентичен на кравјото млеко
Агровести

Израелците произвеле млеко благодарение на растителните микроорганизми – Велат дека вкусот е идентичен на кравјото млеко

Објавено 19/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Старт-апот „Imagindairy“ со седиште во Тел Авив, во средата објави во јавноста дека нивното млеко ќе биде идентично на кравјото млеко, но наместо крава, и со неа поврзаниот метан, тоа би било создадено благодарение на габите и другите растителни микроорганизми програмирани за производство на млечни протеини. За овој проект старт-апот собрал 13 милиони долари.

„Кравјо млеко без крави“ ќе биде во израелските продавници до 2023 година.

Процесот на производство на ваквото млеко вклучува вметнување на ДНК инструкција за производство на сурутка и казеин, главни млечни протеини во микроорганизмите. За протеините на сурутката и казеинот кои ги произведуваат микроорганизмите да се претворат во кравјо млеко и млечни производи, ќе се додаде и растителна маст, шеќер и вода.

Кравјото млеко без метан би можело значително да го намали влијанието на климатските промени и сечењето на шумите, сметаат невладините организации. Се смета дека намалувањето на емисиите на метан се најдобар достапен алат за забавување на загревањето на климата во следните 25 години.

Веќе постојат огромен број алтернативни млека на пазарот, а последните години дојде до зголемена побарувачка за соино млеко, бадемово млеко и други варијанти.

Но, земјоделските компании кои работат на производство на месо и други млечни производи (освен самото млеко) не успеале да произведат храна за комерцијална употреба. До денес единствена компанија која произведува и продава млечни производи, а кои не се од кравјо потекло, е компанијата „Perfect Day“ со седиште во САД. Но и таа тоа го прави во мали количини.

Основачот и извршен директор на „Imagindairy“, Ејал Аферган, изјави дека неговиот процес ќе биде сличен на оној во „Perfect Day“, но бидејќи неговиот тим развил поедноставен начин на изолација на млечни протеини од микроорганизмите, полесно ќе биде да се зголеми обемот на производство. Аферган додава дека за производство на нивното млеко е потребно 10% вода и еден процент од земјиштето што се користи за производство на традиционалното кравјо млеко.

Претставници на ЕУ тврдат дека една од главните цели на нивната зелена стратегија е да се подобри мерењето на емисиите на метан. Нивото на следење моментално се разликува меѓу секторите, државите членки и останатите земји. Со мерките на ниво на ЕУ за подигнување на стандардите на мерење, верификација и известување, Европската комисија ќе поддржи поставување на меѓународна опсерваторија за емисија на метан во партнерство со Програмата на Обединетите нации за заштита на околината, Коалицијата за клима и чист воздух и во соработка со Меѓународната агенција за енергија. Надзорот на емисијата метан ќе се подобри со примена на програмата „Copernicus“, која ќе овозможи полесно откривање на супер нечистотиите и поголемо истекување на метан.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:израелмлеко
Претходен напис Од понеделник зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд
Следен напис (ВИДЕО) Митрев: „Агрофила“ќе се приклучи во проектот Договорно производство на органски сончоглед и масло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?