Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени средствата од петтиот Ковид пакет за тутунопроизводителите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени средствата од петтиот Ковид пакет за тутунопроизводителите
Субвенции

Исплатени средствата од петтиот Ковид пакет за тутунопроизводителите

Објавено 19/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска при посетата на прилепскиот регион ги информираше тутунопроизводителите дека е започната имплементацијата на поддршката што Владата ја обезбеди преку петтиот Ковид пакет мерки. Станува збор за исплата на 300 милиони денари финансиската поддршка за 19.060 тутунопроизводители. Средствата се исплаќаат преку Генералниот секретеријат на Република Северна Македонија, во рамки на пакетот за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19.

Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, појасни дека средствата веќе легнуваат на сметките на тутунарите, а поддршка им следува на сите кои произвеле и предале тутун од втора, трета и четврта класа.

„Сите кои имаат произведено и предадено тутун од втора класа, ќе добијат финансиска поддршка од три денари по килограм. Додека, сите кои произвеле и предале тутун од трета и четвра класа ќе добијат по 16 денари по килограм, произведен и предаден тутун. Заедно со претходната исплатената финансиска поддршка – субвенции, државата за тутунопроизводителите исплати средства со вкупна вредност од две милјарди денари“ – појасни Бачовски.

Тутунопроизводството е стратешка извозна гранка која носи девизен прилив од околу 100 милиони евра. Агенцијата продолжува да биде партнер на земјоделците, средствата се исплаќаат без никава селекција за сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:субвенциитутун
Претходен напис Во Дебарско есенската сеидба реализирана 80 отсто
Следен напис Привршува жетвата на оризот во Кочанско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?