Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија
Агровести

Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија

Објавено 18/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија, а на високото трето место се позиционирани според соодносот квалитет и цена според Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар, што денеска пред претставници на компании производители на вино го презентираше директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ) Дејан Павлески.

Според истражувањето, се вели во соопштението од АСИПИ, три македонски винарии се најпрепознатливи на српскиот пазар, а вината на „Тиквеш“ се на второ место по српски „Рубин“, како вина кои најчесто се купуваат.

– Чест ми е што оваа истражување е добро прифатено од домашните компании и што во иднина сериозно ќе им послужи во бизнис плановите. Српскиот пазар е огромен потенцијал за македонските производи и има простор за зголемување на соработката. Оваа иницијатива е иницијална, ќе ги земеме предвид вашите предлози и како Агенција ќе помогнеме за долгорочен пристап и континуирано присуство на македонските производи на српскиот пазар – истакна Павлески пред присутните.

Дел од претставниците на винариите, се вели во соопштението од АСИПИ, предложија да се олеснат административните бариери во делот на дополнителни лабораториски анализи на виното, додека сите се сложиле дека е потребна заедничка промоција на македонските вина преку организација на викенд тури за посета на македонски винарии бидејќи туризмот е вистинска можност да се запознаат соседните држави со македонските производи.

Истражувањето е направно на повеќе од 1.000 испитаници, а целта на Агенцијата е согледување на пазарот во Србија од повеќе аспекти, да се извлечат релеванти и корисни заклучоци кои ќе послужат за формулирање на препораки за унапредување на извозот на македонските компании во Србија.

МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:вино
Претходен напис За производство на ракија над 50 литри во БиХ се предвидува казна од 250 до 770 евра
Следен напис Никола Анески: Од пиперот годинава сум презадоволен, а „капа доле“ на „Тргопродукт“, за цената и плаќањето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?