Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: При крај е есенската сеидба во Пелагонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > При крај е есенската сеидба во Пелагонија
Растително производство

При крај е есенската сеидба во Пелагонија

Објавено 22/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Есенската сеидба во Пелагонискиот регион е при крај. Досега 90% од планираните површини пелагониските земјоделци успеале да ги посеат, и покрај тешкотиите кој ги имаале во обработката на земјата поради сушниот период.

– Есенската сеидба се одвиваше во неповолни услови, со тешка обработка на земјата. Најпрво се обработија поголемите површините кои ги имаат земјоделците. Пред две недели земјоделците имаа завршено 60 % од сеидбата, меѓутоа со дождовите кои што наврнаа деновиве по некоја проценка има некаде посеано околу 90%,  останато е само на оние поситни земјоделски посеви кои што ги имаат земјоделците како тутун, рече Зоран Бардаковски раководител во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието во Битола.

Поради сушатата есенската сеидба доцнеше , но искуствата од порано говорат дека нема да има последици врз плодот.

– Имало години кога есенската сеидба се случувала и покасно, дури фаќало и втора половина на декември така што родот бил солиден. Така што во овие услови кои што се моментално сеидбата е при крај завршува , така што се очекува да биде во нормален развој на растението. Меѓутоа треба да се почека рано е да се зборува за каков род ќе даде растението со оглед на тоа што поголеми количини на вода потребни се во друга фаза на вегетација некаде во месеците април и мај кога ќе биде во поодмината фаза на развој и тогаш ќе има поголема потреба од вода, рече Бардаковски.

Тој упати апел до пелагониските земјоделците да садат и сеат култури кои што се прилагодливи на нашата клима доколку сакаат поголем принос.

-Сведоци сме дека во изминатите години имаме забележителни промени на климата, точно и сушата се должи на тие климатски промени. Имаме високи температури кои што не се карактеристични за овај период од годината меѓутоа тоа незначи дека треба да се користат нови култури. Треба да се садат култури кои што ќе бидат прилагодливи на овие услови. Сепак климатските промени е процес кој што трае со години. Така што се надевам дека со добра едукација земјоделците ќе се прилагодат со оглед на тоа што евидентна е на светско ниво зголемената потреба на производство на храна.Потребно е примена на соодветни технички мерки, соодветни сорти кои што одговараат на ова поднебје на овие услови за да може да се искористи потребниот потенцијал на поднебјето за да има поголем принос. Поголемиот принос носи и поголем профит за земјоделците, вели Бардаковски.

Рече дека државава во споредба со државите од регионот има многу мал принос на пченица. Кака пример ја посочи Србија каде што од посеани еден хектар пченица приносите биле од 6 до 8 тони, а во нашата држава според статистички проценки приносите биле 4 тони од хектар.

Извор:Тера

Може да ви се допадне

Утре во Виница ќе се спроведе прскање против комарци од земја
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:земјаобработкапелагонијаприноссеидба
Претходен напис За зимските денови – најздрав е микро-зеленчукот
Следен напис Како се спроведува електронско јавно наддавање кога има оглас за земја над 3 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?