Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што сè е потребно за кокошките да несат повеќе јајца
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Што сè е потребно за кокошките да несат повеќе јајца
Совети

Што сè е потребно за кокошките да несат повеќе јајца

Објавено 26/11/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојат многу причини поради кои се намалува производството на јајца во едно домаќинство кое одгледува кокошки за свои потреби или за продажба.

Генетиката, возраста, стресот и исхраната можат да придонесат за целокупното производство на јајца. Кога производството опаѓа, време е производителот на јајца да ги процени сите овие фактори за да им помогне на кокошките да се вратат во првобитната состојба.

Генетика

Генетиката игра голема улога кога станува збор за кокошките несилки. Постои огромна разлика во несењето јајца од раса до раса. Едноставно кажано, ако расата на вашите кокошки не е доволно плодна, тогаш не можете ни да очекувате постојано да собирате иста количина јајца од нив.

Некои раси на кокошки се одгледуваат токму за производство на јајца. Исто така, некои раси се генетски предиспонирани за масовно производство на јајца, додека други не се. Значи, прво треба да внимавате кога купувате кокошка ако веќе сакате да се занимавате со производство и продажба на јајца.

Возраст

Животниот век на кокошките е околу 5 години, иако многу од нив живеат две до три години подолго од тоа. Секако, би било убаво во текот на целиот живот да произведуваат јајца во големи количини, но тоа не е така.

Производството на кокошкини јајца го достигнува својот врв за 1,5 до две години. Повеќето комерцијални производители на јајца почнуваат да ги „отпишуваат“ кокошките постари од две години, бидејќи тие повеќе не се ефикасни и исплатливи.

Светлина

Количината на светлина што ја добива кокошката секој ден може да биде огромен фактор во несењето јајца. Можеби сте забележале дека производството на јајца кај некои раси значително се намалило во есенските и зимските месеци. Тоа е затоа што деновите во овој период се пократки, а колку се пократки деновите, кокошките имаат помалку часови сончева светлина.

На кокошките им требаат околу 14 часа природна дневна светлина, па затоа во постудените периоди од годината потребно е да се овозможи доволно вештачка светлина за да се симулира природна светлина.

Стресот

За да дадат добар принос на јајца, кокошките мора да бидат „среќни“, односно нивниот живот да биде што е можно помалку стресен. Можеби некои од вас забележале дека ако навечер глутница кучиња скитници помине покрај вашата фарма, производството на јајца веќе следниот ден е во драстичен пад. Истото се очекува ако предатор залута во вашето домаќинство и кокошките го почувствуваат неговото присуство.

Кокошките можат да бидат под стрес и да го намалат приносот на јајцата дури и кога нивните контејнери за храна и вода, како и подлогата на која газат и го фрлаат изметот се премногу валкани. Доколку синоќа сте заборавиле да им ги исчистите овие садови, немојте да се изненадите ако денес најдете „празни гнезда“.

Исхрана

Кокошките сакаат пченка. Меѓутоа, ако ги храните вашите кокошки само со она што им се допаѓа, наместо со она што навистина им е потребно, тогаш ќе добиете многу малку јајца.

На живината ѝ треба одредено ниво на протеини за да го одржи производството на јајца, поради што секој ден ѝ требаат квалитетни оброци кои ги содржат сите важни минерали за производство на здрави јајца со тврда кора. Ова е многу важно, особено ако продавате јајца. Мека или тенка лушпа од јајце не е пожелна, бидејќи може да се оштетат при пакување или испорака. Калциумот е многу важен за создавање на добра и густа лушпа, така што храната што им ја давате на кокошките мора да го има овој есенцијален минерал. Многу производители на кокошки ги хранат со лушпите од искористените јајца за да им дадат поттик за калциум кој треба да го добијат од оброкот. Сепак, во ова мора да се биде внимателен. Совет е да се испечат лушпите од јајцата и да се сомелат до пофина конзистентност за да се замаскираат и да им се дадат на кокошките да ги јадат.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:јајца
Претходен напис (Интервју) Јаневски: 2023 година очекувам да биде обележана со неколку нови линии, Тел Авив-Скопје, Белград-Охрид од мај 2023, чартер за Сараево или Бања Лука
Следен напис Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, утре постудено со дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?