Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Берово утрово најстудено, дневната температура во земјава денеска од 9 до 15 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Во Берово утрово најстудено, дневната температура во земјава денеска од 9 до 15 степени
Агропрогноза

Во Берово утрово најстудено, дневната температура во земјава денеска од 9 до 15 степени

Објавено 10/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најстудено утрово е Берово со измерени два степена под нулата, а најтопло во Гевгелија со 9 степени во 7 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени во Скопје – Петровец, 1 степен во Крива Паланка и Маврово, два во Крушево, Лазарополе, Куманово и Штип, 3 степени во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Попова Шапка и Прилеп, 4 во Виница и Струмица, 6 степени во Тетово, 7 во Охрид и Претор, 8 во Дојран.

Поголема облачност утрово се задржа на југозападот и особено на истокот од земјава, соопштува УХМР. Претежно во посеверните делови остана ведро, а утринава е сончево. На крајниот југоисток, во Гевгелија и Дојран, има појава на дожд. Некаде по котлините утрово има магла.

За денеска Управата прогнозира сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има зголемена ниска облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје наутро магливо, а преку денот сончево со променлива облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат пониски, а утринските на места ќе се спуштаат и под нулата.

May be an image of text that says "ден четврток (11.11) петок (12.11) време сабота (13.11) недела (14.11) ветер понеделник (15.11) променлив 1 до 7 мин.тем. °C) мак.тем. °C) 2до4 до променлив 10 до 15 -2 до 11 до 17 0до6 6 11 до 18 до 7 10 до 18 8 до 15"

Може да ви се допадне

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
Таг:временска прогноза
Претходен напис Објект за прихрана и складирање храна за елените во Националниот парк „Галичица“
Следен напис Кинезите масовно складираат зелки, во некои маркети не можат да се купат три зелки одеднаш
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?