Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава
Агровести

Народна банка: Раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава

Објавено 09/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

​Закрепнување на македонската економија со раст од 3,9 проценти за оваа и за следната година предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции.

На среден рок се очекува умерено забрзување. Инфлацијата е проектирана на 3,1 процент и направена е умерена нагорна корекција во однос на априлската проекција, а следната година се очекува инфлацијата да биде 2,4 проценти.

И покрај енергетската криза и растот на глобалниот раст на цените, засега не се очекуваат шокови, а проекциите на меѓународните финансиски институции се дека наредната година ќе има стабилизирање во енергетскиот сектор.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска уверува дека ситуацијата будно се следи и дека централната банка има на располагање низа инструменти кои соодветно би се искористиле доколку е потребно со цел да се задржи макроекономската стабилност.

– Будно ги следиме состојбите особено кај енергетскиот сектор и кај глобалниот раст на цените, но засега не се очекуваат шокови, се очекува инфлацијата да остане во умерени рамки, подвлече Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција посветена на ноемвриските проекции.

Доколку кризата има пролонгирани ефекти, како што истакна гувернерката, тие негативно би се одразиле врз повеќе сегменти во економијата како што се инфлацијата, повисоките притисоци, трговското салдо….

– Ние оваа година правиме умерена нагорна корекција на трговскиот дефицит, односно го влошуваме трговското салдо и токму една од причините се повисоките цени на енергенсите, но засега сите проекции на релевантните финансиски институции се дека ќе има стабилизирање на енергетскиот сектор следната година, истакна Ангеловска-Бежоска.

Според проекциите, дефицитот се очекува да остане во умерени рамки на ниво од 3,8 проценти, а на среден рок да изнесува околу два проценти од БДП, слично на преткризното ниво.

Ризиците за растот се претежно надолни, но според алтернативното сценарио, со кое се предвидува помала странска побарувачка, поголема воздржаност од потрошувачка и инвестиции на домашните субјекти, растот би бил помал во просек од 1,2 процентни поени за периодот 2022-2023 година. Како позитивен ризик, пак, се сметаат ефектите од Планот за забрзан економски раст кој не е земен предвид во проекциите.

Државните резерви, според податоците на Народната банка, изнесуваат 3,6 милијарди евра што е високо ниво во споредба со 2008 година кога изнесувале 1,5 милијарди евра. Позитивни движења се забележани и кај странските директни инвестциии кои во првата половина од годинава изнесувале 190 милиони евра за разлика од истиот период лани кога изнесувале 130 милиони евра. Раст има и кај дознаките од странство во првите девет месеци.

Кај банкарскиот сектор се очекува да продолжи солидната поддршка од страна на банките кон компаниите и кон граѓаните. Кај депозитите се очекува годишен раст од 7,1 проценти годинава и умерено забрзување до 8 проценти на среден рок.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:народна банка
Претходен напис Неопходни се одржливи земјоделски иновации за справување со климатските промени
Следен напис Во Берово закажана акција за засадување дрвца, како дел од иницијативата „Иднината на светот – Од нас зависи“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?