Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неопходни се одржливи земјоделски иновации за справување со климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Неопходни се одржливи земјоделски иновации за справување со климатските промени
Агровести

Неопходни се одржливи земјоделски иновации за справување со климатските промени

Објавено 09/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделството е еден од најранливите сектори и трпи големо влијание од климатските промени.

Неопходни се иновативни решенија од млади земјоделци и студенти кои би прераснале од идеа во конкретни стартап бизниси со цел негово севкупно подобрување, порачаа учесниците на форумот што го организира Земјоделскиот институт – Скопје во рамки на проектот „EIT Food Start-Up Awareness Event”.

Како што беше речено, температурата во последните 100 години се зголемила за околу еден степен, а од 2011 до 2020 година за 1,9 степени во однос на периодот пред 1990 година. Одгледувањето храна во вакви услови е голем предизвик и закана да се намали квалитетот и квантитетот на производство. Затоа, како никогаш досега, одржливите земјоделски иновации за справување со климатските промени се повеќе од неопходни.

Директорот на Земјоделскиот институт, Виктор Ѓамовски, оцени дека земјоделството е во центарот на климатската криза и поради неговата ранливост и како извор на емисија на стакленичките гасови, но може да биде и решение.

-Топлотните бранови, разорните шумски пожари, продолжените сушни периоди, ветриштата, бурите и поплавите станаа нова нормалност. Климатските промени и екстремните временски услови ги загрозуваат еко системите и безбедноста на храна кога глобалната побарувачка на храна расте. Земјоделството е во центарот на климатската криза, и поради неговата ранливост и како извор на емисијата на стакленички гасови, но може и да е решение за животната средина преку враќање на јаглеродот во почвата. Почвата има значителен потенцијал за складирање на јаглеродот и за ублажување на ефектите од климатските промени. Тоа значи дека климатските паметни земјоделски практики, може да бидат дел од решението. Дигиталните алатки веќе им помагаат на земјоделците да развиваат што е можно поеколошко и поефикасно производство – рече Ѓамоски.

Според професорот Душко Мукаетов, нашата заложба е до 2030 година емисиите да се намалат за 51 отсто споредено со 1990 година или конкретно во земјоделството за околу 29 проценти.

-Според многу ниското сценарио, до 2100 година би се движеле во некоја рамка до 1,5 степени со нешто пониско во планинскиот регион на југот, според средното сценарио над два степена, а со високото сценарио ситуацијата е многу црна. Во однос на врнежите, според првото сценарио ќе има мало зголемување, но тоа да не не радува зашто режимот и распоредот ќе биде многу лош, со второто сценарио намалувањето на врнежите е до 20 отсто или 30 отсто во летните месеци, а со третото високо сценарио ситуацијата е уште полоша, информира професорот.

Промени има и во однос на третиот параметар – должина на вегетацијата.

-Според ниското сценарио вегетацијата ќе биде зголемена за 10 до 20 дена, а според високото е можно да се зголеми до 60 дена, напомена Мукаетов.

Петтата фаза на репортирање за климатските промени во светски рами укажува дека сме сведоци на нова геолошка епоха – антропоцен.

Форумот за адаптација кон климатските промени и можности за стартап бизниси во земјоделството ќе продолжи и утре, а се организира како дел од активностите во рамки на проектот „EIT Food Start-Up Awareness Event”. Проектот е финансиран од единицата на Европскиот институт за иновации и технологии (EIT Food) која, пак, е поддржанa од ЕУ.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Земјоделство
Претходен напис (Видео) Да ја зачуваме традицијата – Вака се прави оригинална `кцана сол по рецептот на дедо Фердо
Следен напис Народна банка: Раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?