Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија
АгровестиПазари

Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија

Објавено 04/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Србија, Албанија и Северна Македонија ќе формираат Совет за имплементација со цел што поскоро да се забрза протокот на стоки, услуги, луѓе и капитал и да заживее системот на единствени работни дозволи за граѓаните на трите земји на почетокот на 2022 година, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора Србија (ПКС) по состанокот на иницијативата Отворен Балкан.

-Се договоривме дополнително да го забрзаме овој процес и да формираме Совет во кој ќе има претставници од Стопанската комора и ресорните министри од трите земји. Секоја недела членовите на Советот ќе ги известуваат лидерите на трите земји за тоа што е направено и што допрва треба да се направи, изјави Чадеж по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров со бизнисмени од регионот и Атлантскиот совет, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“,.

Тој посочи дека е важно компаниите кои работат во Србија, Албанија и Северна Македонија да имаат во сите три земји еднаков третман и деловни можности.

-За бизнисмените беше важно да имаат отворен разговор со лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија за тоа како да се забрза протокот на стоки, услуги и капитал низ овие три земји, соопштија од ПКС.

На состанокот присуствуваа претставници на 22 холдинг компании кои работат во сите земји од иницијативата Отворен Балкан, вработуваат околу 50 000 луѓе во целиот регион и имаат годишен обрт од над четири милијарди евра, наведе Чадеж.

Тој посочи дека е важно до следната средба на бизнисмените и претставниците на трите земји во Тирана, следниот месец, да се реши проблемот со меѓусебното признавање на фитосанитарната и ветеринарната документација.

ФОКУС

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:балканмакедонијамакеоднијапазаристокисубвенции
Претходен напис ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4,0 отсто во 2021 и 2022 година
Следен напис Листи за полагање на ловечки испит
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?