Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ОГЛАС за поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти – даватели на услуги за грижа на заедницата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ОГЛАС за поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти – даватели на услуги за грижа на заедницата
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ОГЛАС за поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти – даватели на услуги за грижа на заедницата

Објавено 01/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.3 Поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти -даватели на услуги за грижа на заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со УНДП – Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 29.10.2021 година се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК до невработени лица кои имаат желба и интерес да основаат Здружение на граѓани/невладина организација која ќе делува во областа на социјалната заштита и испорачување на услуги за одмена на семејна грижа и услуги за долготрајна грижа за болни лица, да се пријават во работните клубови на Агенцијата за Вработување за учество во оваа мерка.

Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на невработените лица за основање на Здруженија на Граѓани/невладини организации во создавање на одржлив и успешен субјект/давател на социјални услуги. Поддршката преку мерката опфаќа:

– Советодавна експертска поддршка при формирање на нов правен субјект-Здруженија на граѓани;

– Обука за претприемништво и деловно планирање и изработка на бизнис модел;

– Обука за испорачување на социјални услуги во рамки на системот за социјална заштита согласно Законот за социјална заштита и други подзаконски акти;

– Обезбедување на грант за новоформираното Здружение на граѓани/невладина организација во износ од 307 500 денари за набавка на материјали и опрема;

– Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни обуки;

– Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги во износ од 29 180 (бруто) денари во период од 10 месеци;

– Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување;

– Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес.

Заинтересираните невработени лица за учество во мерката може да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2021), односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно

–     Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19;

–     Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;

–  Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Заинтересираните невработени лица треба да пополнат Пријава за учество во Центрите за вработување секој работен ден од 09 до 14 часот.

Покрај пријавата, заинтересираните невработени лица треба да одберат еден од следниве начини:

  • да пополнат и онлајн Прашалник до кој може да се пристапи на следниот линк

 или

  • Прашалникот да го превземат од следниот линк

(https://mk.undp.org/content/dam/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/docs/Prasalnik%20za%20nevraboteni%20lica%20za%20merkata%207.3.docx), да го пополнат, потпишат и да го достават во скенирана форма на следната е-маил адреса [email protected].

Детални информации за мерката може да се добијат на контакт телефоните : 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адресата [email protected].

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:АВРСМјавен повик
Претходен напис Плугови „Alpler“, за добро обработена почва за есенската сеидба, во подружниците на „Хемометал“
Следен напис (Видео) Одгледување на макадамија – најскапиот јаткаст плод во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?