Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На самитот на Г20 во Рим светските лидери ќе преземат обврска глобалното загревање да остане во рамките на 1,5 степени Целзиусови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На самитот на Г20 во Рим светските лидери ќе преземат обврска глобалното загревање да остане во рамките на 1,5 степени Целзиусови
Агровести

На самитот на Г20 во Рим светските лидери ќе преземат обврска глобалното загревање да остане во рамките на 1,5 степени Целзиусови

Објавено 29/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лидерите на Г20 претстојниов викенд ќе признаат дека се потребни итни чекори за да се одржи целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, се наведува во нацрт-заедничката изјава во која увид имале британските медиуми.

„Ние сме посветени на справување со егзистенцијалниот предизвик на климатските промени“, се наведува во нацрт-заедничката изјава, што треба да биде усвоена на самитот на Г-20 во Рим утре и задутре.

Тоа е клучен чекор пред поголемата климатска конференција на ОН што следната недела почнува во Шкотска.

Лидерите ќе кажат дека признаваат дека влијанието на климатските промени е „многу помало“ доколку затоплувањето може да се одржи на 1,5 степен над прединдустриските нивоа отколку доколку се искачи на два степена.

„Мора да се преземе итна акција за загревањето до 1,5 степени да биде достижно“, се додава во документот.

Документот е обид на државите, кои заедно се одговорни за повеќе од 75 отсто од емисиите на штетни гасови, да претставуваат обединет фронт пред да им се придружат на другите делегации на Светската климатска конференција COP26 во Глазгов.

Иако нацрт-документот покажува дека постои согласност дека растот на температурата треба да се одржи во рамките на 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период, што е цел во голема мера во согласност со Парискиот договор од 2015 година, некои детали се уште се отворени за дебата, пишува ДПА.

Еколошките активисти кои имаа увид во нацрт-документот велат дека се разочарани што Г-20 требаше да ја искористи шансата и посилно да ја алармираа јавноста за опасностите со кои се соочува светот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:глобално затоплување
Претходен напис Од денеска до недела трето издание на „Пчеларски саем на Македонија“
Следен напис Цената на малините и капините во Европа сѐ уште е висока – во Америка паѓа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?