Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младиот Никола Ќиров од Кавадарци, покрај традиционалното лозарство, годинава се проба и во одгледување лук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Младиот Никола Ќиров од Кавадарци, покрај традиционалното лозарство, годинава се проба и во одгледување лук
Растително производство

Младиот Никола Ќиров од Кавадарци, покрај традиционалното лозарство, годинава се проба и во одгледување лук

Објавено 25/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Со помош на технологијата, пристапот до интернет и можноста за постојано едуцирање земјоделството доби нов лик, којшто е многу полесен и поинтересен за нас младите“, вели 26-годишниот Никола Ќиров од Кавадарци.

Никола e дипломиран архитект, кој досега одгледувал лозови насади на површина од 2 хектари, a оваа година решил да ги прошири земјоделските површини и да почне да одгледува лук.

„Јас како дипломиран архитект, егзистенцијата ја обезбедувам преку малопродажба во сопствена продавница за грејни тела и огрев. Како фамилија што живее во лозарскиот крај, одгледуваме и лозови површини, но не повеќе од 2 ха. Лозарството е една гранка која бара многу предвидување на условите и навремено реагирање. Со помош на технологијата, одгледувањето е многу поедноставено. Затоа се решив оваа година за проширување на земјоделските површини, но со нова градинаска култура – лук.

Бидејќи неговото семејство претходно не ја одгледувало оваа градинарска култура, Никола користел искуства од пријатели, списанија и од интернет, а механизацијата ја прилагодил од реклами за продажба на машини за обработка на лук.

„Долго време истражував и барав градинарска култура во која работните обврски нема да се поклопуваат со обврските околу лозарството. Со помош на интернетот и пријатели, дојдов до идеја да засадам лук. Претходно фамилијарно не сме одгледувале, па затоа искуството го искористив од списанија и интернет, а механизацијата ја прилагодив од реклами за продажба на машини за обработка на лук.
Ја прилагодив семејната нива која беше необработена и засадив 300 кг лук на површина од 0.2 ха за да си обезбедам семе за наредна година. За наредната година планирано ми е да засадам околу 3000 кг лук на површина од 1.7 ха.“

Никола се надева дека ќе најде добар пласман за лукот за да може да обработува и до 10 хектари лук.

„Ако најдам добар пласман со машините што ги поседувам сега, би можел да обработувам до 10 ха лук.
Поради секојдневните и семејните обврски на млад татко на две деца, за насадот ангажирав луѓе кои го засадија за 2 дена. Најпрво јас со помош на машинка што ја направив за бележење го бележев местото каде да се сади.
Веќе сум во изработка на неколку машини, со што за наредната година сѐ би било механизирано, од обработка на земјата до садење и берба, со минимална работна сила.
Како почетник сѐ уште немам пласман на производот, но мислам дека со одличен квалитет тоа нема да биде проблем. Во иднина, доколку пазарот го бара, би сакал да се осврнам на органско производство. Во овој брз начин на живот, огранското производство отсекогаш ми претставувало предизвик и желба за производство и консумација.
Изминатата година и пол, во услови на пандемија, мислам дека на сите сѐ повеќе ни е јасно дека храната е најнеопходна. Нашата земја не беше поштедена од шоковите на цените предизвикани од светските берзи. И тогаш кога цените на прехранбените производи вртоглаво почнаа да растат, производството на храната во услови на недостиг не е така тешко.“, вели Никола.

За повеќе информации околу производството на лук и пласман – контакт телефон на Никола 072 226563.

Може да ви се допадне

Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:кавадарцилукникола ќиров
Претходен напис ОН: Светот е далеку од климатските цели, емисиите на стакленички гасови се зголемуваат
Следен напис Охриѓанката Катерина смета дека продажбата на домашен ајвар е добар бизнис: „Ми нарачаа 200 тегли за помалку од 24 часа“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?