Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охриѓанката Катерина смета дека продажбата на домашен ајвар е добар бизнис: „Ми нарачаа 200 тегли за помалку од 24 часа“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Охриѓанката Катерина смета дека продажбата на домашен ајвар е добар бизнис: „Ми нарачаа 200 тегли за помалку од 24 часа“
Магазин

Охриѓанката Катерина смета дека продажбата на домашен ајвар е добар бизнис: „Ми нарачаа 200 тегли за помалку од 24 часа“

Објавено 25/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако пиперките добро ќе се испечат, излупат, а потоа и измелат, следува приготвувањето на крајниот производ, ајварот. Целата постапка и не е баш така лесна. Оние кои го прават велат дека тоа одзема цел еден ден. Охриѓанката Катерина Василеска, вели дека е потребно време и доста работа, за да се стигне до крајниот производ.

„Од наутро од 8 часот до вечерта до 20 часот е потребно за една тура на ајвар. Мене ми е печењето најтешкиот процес и затворањето на теглите“, вели таа.

Катерина покрај за домашни потреби, годинава почна да прави ајвар и за продавање. Но, вели дека сѐ излегло сосема случајно.

Фото: Printscreen/mk.voanews.com

„Имав 20 тегли плус и реков да објавам на интернет, можеби некој ќе сака да купи. Си ставив цена за која сметам дека е соодветна. И, наместо дваесет тегли ми нарачаа 200 тегли, за помалку од 24 часа“, додава таа.

За производство на ајварот користи домашни пиперки, од бавчата во нејзиниот двор, иако до минатата година вишокот пиперки ги давалa на пријатели и роднини. Вели дека од ова може добро да се заработува, ако сериозно се земе работата. Цената на една тегла достигнува и до 5 евра.

„Дава заработка според мене, подобра отколку да работам во фабрика или да одам на митинзи за некоја партија, да висам на некоја државна досадна позиција“, вели Катерина.

Брзиот начин на живот и немањето доволно време е причина што сѐ помалку луѓе се одлучуваат сами да си направат ајвар, па го купуваат.

„Има многу млади, кои се на работа, кои не можат да си направат дома ајвар. Мислам дека овој капитализам, ако е воопшто капитализам, ги цеди луѓето и им го зема цело квалитетно време“, вели таа.

Со цел пак, да се добие меѓународна репутација, „македонскиот ајвар“, од 2010-та година е заштитен и на меѓународно ниво, согласно Лисабонскиот договор за меѓународна регистрација на географските називи. Со впишувањето во меѓународниот регистар тој ужива заштита во сите земји членки на овој договор.

Од Државниот завод за индустриска сопственост велат дека за територијата на Република Северна Македонија, како трговска марка, од страна на наши производители, заштитени се осум трговски марки кои го содржат во себе зборот „ајвар“.

На меѓународно ниво, од страна на наши производители има една заштита. Инаку, со Законот за јавна чистота во Северна Македонија е забрането печење пиперки на јавна површина, како на пример пред зграда. Казната е 50 евра, ако ја платите веднаш, или 150 евра, ако биде платена подоцна.



Извор: mk.voanews.com

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:ајвар
Претходен напис Младиот Никола Ќиров од Кавадарци, покрај традиционалното лозарство, годинава се проба и во одгледување лук
Следен напис Времето денеска сончево со ниски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?