Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Огромни глодари преплавиле елитна населба, станарите не им можат ништо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Видео) Огромни глодари преплавиле елитна населба, станарите не им можат ништо
Магазин

(Видео) Огромни глодари преплавиле елитна населба, станарите не им можат ништо

Објавено 22/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жителите на луксузната населба Норделта во Буенос Аирес ги мачат необични проблеми.

Големи проблеми им задаваат капибарите, глодари кои наликуваат на огромен хрчак, пренесува The Wall Street Journal. Лутаат во рекорден број, ги уништуваат негуваните тревници и напаѓаат домашни миленичиња. Во август безбедносна камера снимила како доставувач на храна паѓа од мотор откако се судрил со огромен глодар.

„Не сум против капибарите. Сакам да им ги погалам малите слатки стомачиња како и секој друг“, вели Густаво Иглесијас, 62-годишен агент за недвижности и долгогодишен жител на населбата.

„Проблемот е што нивната популација е надвор од контрола, а луѓето се премногу исплашени за да направат нешто. Никој не сака да изгледа како да се противи на природата“.

Фото: Instagram

Капибарите не изгледаат заканувачки. Нивниот изглед – широката муцка, тркалезното тело и опуштениот темперамент ги прават омилени животни, на пример за посетителите на националните паркови. Овие големи глодари обично живеат во групи од 40 единки.

Се сончаат и пасат, а жителите не гледаат излез

Изгледа дека капибарите уживаат во животот во Норделта. Се сончаат и пасат во вештачките лагуни, каде што се заштитени од природните предатори. Жителите на кои им пречат капибарите не се сигурни што можат да направат бидејќи за лов на глодари потребна е дозвола од еколог.

Но, еколозите блиски до левичарската влада на Аргентина сакаат богатите жители на заедницата да не ги допираат капибарите.

Фото: Instagram

„Бев огорчен што жителите на Норделта се жалеа. Луѓето се тие кои ја нападнаа нивната територија“, рече Адриан Маца, 47-годишен туристички водич во националниот парк.

Други сепак сметаат дека глодарите треба да се преместат, а како причина ги наведуваат сообраќајните несреќи и штетата предизвикана од глодарите кои ги џвакаат тревниците и палмите.

„Па, не можеме да имаме диво животно што трча низ главните улици“, рече 47-годишната учителка Ромина, една од жителите на населбата.

Фото: Instagram

Биологот и конзерватор Талија Замбони рече дека гледа неколку проблеми во пристапот до решение за ситуацијата.

„Овие работи секогаш се поделени помеѓу десните и левите, богатите и сиромашните, а овде меѓу овие поделби се најдоа овие мали животни“.

Жителите предлагаат две решенија

Капибарите претежно живеат околу луксузните имоти долж брегот, кои сочинуваат околу 15% од 3.000 имоти во Норделта. Пензионираниот новинар Марсело Кантон, портпарол на Здружението на локални жители, рече дека неговата група предложила различни решенија до владините регулатори. Едното е да се создаде резерват од 500 хектари за капибарите во Норделта, а другото е да се кастрираат мажјаците.

Фото: Instagram

Но, државните службеници за заштита на дивиоте животни биле недостапни за време на пандемијата, тврди Кантон.

Во меѓувреме, Здружението поставило сообраќајни знаци што ги предупредуваат возачите и велосипедистите да внимаваат на капибарите.

„Беше многу болно да се види како луѓето нè обвинуваат дека ги малтретираме капибарите, бидејќи ние овде исклучително ги почитуваме. Вложуваме многу пари за да ги заштитиме“, рече Кантон.

https://www.youtube.com/watch?v=OpHbu3nq1uE
https://www.youtube.com/watch?v=PSVpyeRM_lE

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:глодари
Претходен напис Завршен настан од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“
Следен напис Пчеларот Илија Литајковски од Берово произведува планински и ливадски мед, полен, перга, прополис и матичен мед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?