Во просториите на МЗШВ, денеска се одржа јавна дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на земјоделските задруги за периодот 2022-2028 година.

Во изминатиот период Министерството направи сериозен исчекор во развојот и поддршката на задругарството. Потребата за стратегија се наметна како логичен чекор после успехот на мерката 131, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која придонесе да се зголеми интересот кај земјоделците за здружување во задруги. Тие ја препознаа поддршката од државата и реалниот бенефит кој го имаат од членството во задруги, па следствено на ова, секоја година бројот на задруги расте и денес веќе имаме регистрирани 66 задруги.

Националната стратегија се прави за првпат од осамостојувањето на државата. Изготвена е во рамките на проектните активности „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиски поддржан од Европската унија, а имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), а краен корисник е МЗШВ.
