Компировите златици се големи непријатели на компирот. Затоа е неопходно да се прскаат насадите со компири, но пестицидите се пречка да го прогласите вашиот производ за органски.
Еден Полјак осмислил справа која не користи никаква хемија, едноставна е и неверојатно успешна.
Еден стар велосипед, поточно половина од велосипедот, некаков „пропелер“ и кутија во која завршуваат непријателите на компирот.
Златиците залудно се обидуваат да излезат од кутијата и да се вратат на ливчињата.
Управувањето со справата воопшто не изгледа тешко. Едноставно се шетате низ полето, а „проплерот“, кој всушност е направен од две големи четки, се врти сам и ги чисти листовите на компирот.
Еве како изгледа тоа.
