Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОПЕК+ нема да го зголемува производството на нафта, очекува цените да не растат дополнително
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОПЕК+ нема да го зголемува производството на нафта, очекува цените да не растат дополнително
Агровести

ОПЕК+ нема да го зголемува производството на нафта, очекува цените да не растат дополнително

Објавено 14/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата, кои достигнаа највисоко ниво во последните неколку години, најверојатно нема дополнително да растат, изјави вчера ирачкиот министер за нафта Ихсан Абдул Џабар на енергетска конференција во Москва.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), Русија и нивните други сојузници, познати како групата ОПЕК +, минатата недела одлучија да се држат до својот план за зголемување на производството за 400.000 барели дневно во ноември, и покрај повиците за зголемување на испораката на повисоко ниво.

Ова доведе до скок на цените на нафтата на највисоко ниво во последните три години и ги засили инфлациските притисоци на глобално ниво.

– Пазарот треба да биде балансиран. Сметаме дека цената нема да се зголеми понатаму, рече Џабар на прашањето дали ОПЕК +, поради ситуацијата на пазарот, треба да го зголеми производството повеќе од планираното.

Северноморската нафта „брент” вчера се тргуваше по 83 долари за барел.

Во врска со повикот на големите потрошувачи на „црно злато”, како што се САД и Индија, упатен до нафтениот картел за зголемување на испумпувањето, вицепремиерот на Русија и главниот преговарач на Москва во групата ОПЕК +, Александар Новак, рече дека ќе се придржуваат до својот план.

– Работиме согласно договорениот распоред. Заедничкиот договор е дека зголемувањето изнесува 400.000 барели дневно, рече Новак на прашањето дали имаат намера да го зголемат производството на нафта над планираното ниво со цел да го „оладат” ненадејниот пораст на цените.

Извори блиски до групата ОПЕК + велат дека сојузот се држи до својот оригинален договор делумно поради загриженоста дека побарувачката и цените може да се намалат.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис По 40 години, отворена е вратата за враќање на српското земјоделство во Ирак
Следен напис Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?