Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во најава богата ловна сезона за кичевските ловџии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во најава богата ловна сезона за кичевските ловџии
Агровести

Во најава богата ловна сезона за кичевските ловџии

Објавено 07/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претходниот викенд започна сезоната на лов на крупен дивеч во земјава.

Ловџиите од Кичево и Кичевско, во првиот ловен ден имаа богат отстрел што е добар предзнак за успешна ловна сезона. Ловната сезона ќе трае до последниот викенд од месец јануари следната година или 22 дена, викенди и државни празници. Во овој период од ловната сезона, дозволен е лов на диви свињи, лисици и волци.

Трите ловечки друштва „Елен” од Кичево, „Еко Фазан” од Осломеј и „Сокол” од Зајас, целосно подготвени ја дочекаа ловната сезона со подмирени такси и со флуоресцентни елеци, кои се неопходни кога се оди на лов, а тука предничи најстарото и најбројно ловечко друштво од градот„ Елен” со околу 500 ловџии.

-Во неделата започна ловната сезона на крупен дивеч. За оваа сезона ќе се ловат, дива свиња, волк и лисица. Ловџиите од нашето друштво за да се стекнат со право легално да ловат, најпрво мораа да ја подмират таксата во износ од 5.000 денари. Исто така, сите ловџии се запознаени со правилата за ловство и задолжително носење на флуоресценти елеци кога се во шумата. Во првиот ловен ден ловџиите од нашето друштво имаа солиден отстрел и тоа е добар предзнак дека ќе имаме богата ловна сезона, вели Даме Петрски ловник во ова друштво.

Во текот на зимата и периодите со многу снег и ниски температури, ловечкото друштво се грижи и за прихранување на дивечот, за да не дојде до негово угинување и намалување на бројноста.

-Секој година ловечкото друштво „Елен”, во текот на зимата кога има повеќе врнежи од снег или ниски температури, се грижи за прихранување на дивечот во регионот. На одредени хранилишта се остава зрнеста храна, слама и сол. Прихранувањето на дивечот се случува во повеќе наврати во текот на зимата, што е причина неговата бројност во природата да биде константна, додаде Петрески.

Инаку во општина Кичево постојат девет ловни региони, од кои на шест концесионер е ловечкото друштво „Елен”, додека останатите ловни региони им припаѓаат на двете преостанати ловечки друштва.

Извор: Канал 5

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:ловџии
Претходен напис Извозот зголемен за 31.5, а увозот за 34 отсто
Следен напис Времето денеска облачно и студено со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?