Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во недела на браната Отошница ќе се одржи натпреварот „Мрена 2021“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во недела на браната Отошница ќе се одржи натпреварот „Мрена 2021“
Агровести

Во недела на браната Отошница ќе се одржи натпреварот „Мрена 2021“

Објавено 07/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во недела на 10 октомври, по повод 8 Октомври, празникот на Крива Паланка, Здружението на спортски риболовци „Мрена“ од овој град организира сениорски републички куп натпревар во риболов на пливка „МРЕНА 2021“ .

Како што информираат од таму, на овој натпревар ќе земат учество 9 екипи од земјава, а поради оправдани причини е откажано присуството на уште 9 екипи од соседна Србија и Бугарија. Натпреварот ќе се одржи на браната Отошница, кај Крива Паланка и истиот ќе започне во 07 часот и 30 минути и ќе трае до 13 часот и 30 минути. Од таму информираат дека поради пандемијата сите протоколи комплетно ќе бидат испочитувани. За првите тројца најдобри ќе следуваат и медали, пехари како и стокови награди. Натпреварот се одржува по иницијатива и поддршка на општина Крива Паланка.

Од ЗСРРК Мрена Крива Паланка известуваат дека ова е осма година по ред откако тие како концесионери на Крива Река 1 Кривопаланечки го организираат овој настан. Велат дека пред пандемијата имале мнгоу поголем број на учесници не само од земјава туку и од други држави но сега поради актуелната ситуација со корона вирусот и претпазливоста е поголема.

Со одлука на УО на Мрена за оваа година дозволите ќе изнесуваат :
Годишна 700 ден.
15-дневна 600 ден.
7-дневна 400 ден.
Дневна 200 ден.

Ова Спортско риболовно друштво постои повеќе од половина век и бележи успешни резултати во своето работење. Во моментов брои 270 членови. Во водите на Крива Река редовно се врши порибување со крап и пастрмка. Како што не информираа од таму, кон крајот на месец ноември согалсно годишната програма се планира порибување со 100 кг подмладок пастрмка и 100 кг подмладок крап.

Рибочуварската служба непрекинато ќе работи и се замолуваат рибарите да пријавуваат криволов за поуспешно справување со криволовците, со цел за максимална заштита на рибниот фонд.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мрена
Претходен напис Рурално наспрема урбано пчеларство – Дали аерозагадувањето и испарувањата влијаат на квалитетот на медот?
Следен напис Страотен пожар на фарма за кокошки несилки во Германија: Настрадале 20.000 кокошки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?