Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сезона на брокула – Во овој зеленчук има повеќе витамин Ц отколку во портокалите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сезона на брокула – Во овој зеленчук има повеќе витамин Ц отколку во портокалите
Магазин

Сезона на брокула – Во овој зеленчук има повеќе витамин Ц отколку во портокалите

Објавено 06/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јадењето брокула и тоа секојдневно ќе помогне да го зачувате здравјето и виталноста на телото. Според многумина, токму овој зеленчук е еден од најлековитите што ни ги дала природата.

Како доказ за тоа се податоците добиени од многубројните истражувања направени околу лековитоста на ова растение, но и од добиените искуства од луѓето на кои брокулата многу им помогнала во надминување на здравствените проблеми.

Во овој зеленчук има повеќе витамин Ц отколку во портокалите

Брокулата во својот состав содржи голем број витамини и минерали. Па така, во една средно голема брокула е концентриран витамин А кој ги задоволува потребите на човекот за едно деноноќие. Исто така, во истата количина од ова растение има повеќе витамин Ц отколку во еден портокал.

Брокулите се богат извор и на витамини од групата Б: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина). Тука е и витаминот К, како и железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот. Меѓу другото, во составот на брокулата се наоѓаат и големи количини растителни влакна и фитохемикалии.

Лек за голем број заболувања

Лековитите моќи на брокулата досега многупати се покажале во практиката. Имено, ова растение успешно помага во борбата против одредени типови рак (рак на дојка, рак на матка, рак на простата, на внатрешните органи т.е. на белите дробови, на црниот дроб и на бубрезите).

Брокулата помага и во решавање одредени стомачни проблеми, поради фактот што е богата со растителни влакна, со магнезиум и многу витамини, кои помагаат да се намали вишокот киселини во стомакот. Срцевите заболувања исто така се на листата на болести што можат да се излекуваат со редовно јадење брокула, но се разбира заедно во комбинација со редовната терапија. Во составот на брокулата освен антиоксиданти има и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето.

Помага во слабеењето

Освен фактот што брокулата е еден од најздравите зеленчуци, исто така важи и за нискокалорична храна за оние што внимаваат на својот надворешен изглед.
Токму затоа, на правилата на познатата брокула диета се препорачува да придржуваат сите што сакаат да го намалат вишокот килограми, но и да ги исчистат токсините од телото.

Услови за одгледување на брокула

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:брокула
Претходен напис Леонардо Дикаприо инвестира во производство на месо од лабораторија
Следен напис Загадувањето на Вардар не ги надминува европските стандарди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?