Јапонија планира сериозно да го зголеми извозот на земјоделски производи. Планот е да се постигне обрт од 2 трилиони јени до 2025 година и 5 трилиони јени до 2030 година.
Откако јапонската компанија XAG лансираше беспилотно летало R150 во јуни оваа година, целосно електричниот робот беше тестиран за прскање на земјоделски култури и наводнување на овоштарници со јаболка, грозје, лубеница и агруми.
Следуваа проби во префектурата Јамагата, една од четирите главни области за производство на сортата на грозје од прва класа, наречена Shine Muscat. Локалните земјоделци успеаја да го испробаат фармерскиот робот XAG R150 во нивните лозја. Карактеристично за него е дека може да ги прска растенијата од доле па нагоре, информира Future Farming.

Крупното јапонско грозје Shine Muscat е без семки и предизвикува голем интерес на странските пазари. Се извезува во други азиски земји од 2007 година. Меѓутоа, кога Јапонија издвојува 1.200 хектари специјално за одгледување на ова првокласно зелено грозје, зголемениот недостаток на работна сила во руралните области станува предизвик за задоволување на побарувачката за извоз.
Компанијата XAG тврди дека роботот R150, кој може да се контролира преку паметен телефон, може прецизно да ја испрска жетвата и да ја заштити од штетници и болести од инсекти. Со негова помош, може да се реши проблемот со недостаток на работна сила и да се заштити здравјето на работниците на терен – тие нема да мора постојано да се наведнуваат.

Едно од тест полињата на роботот XAG R150 е нива со лубеници. Таму ја демонстрира способноста да се движи напред и да наводнува користејќи го JetSprayer системот.
Машината може да се движи по однапред договорена маршута низ фармата и да им помогне на лозарите ефикасно да ги прскаат посевите. На тој начин се намалува употребата на пестициди и се заштедува вода.

Јапонија планира сериозно да го зголеми извозот на земјоделски производи. Планот е да се постигне обрт од 2 трилиони јени до 2025 година и 5 трилиони јени до 2030 година. За таа цел, Владата активно го поддржува развојот на паметните технологии, подготвувајќи соодветно законодавство и прописи.
Извор: https://www.futurefarming.com/tech-in-focus/field-robots/japanese-fruit-growers-test-xag-r150-field-robot/
