Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ прави напори за слободен извоз на македонски прехранбени производи во Кина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ прави напори за слободен извоз на македонски прехранбени производи во Кина
Агровести

МЗШВ прави напори за слободен извоз на македонски прехранбени производи во Кина

Објавено 18/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ќе се направат напори да се добие одобрување македонските компании слободно да извезуваат земјоделски и прехранбени производи на кинескиот пазар, беше речено на денешната работна средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски со владина делегација од Народна Република Кина.

Продлабочувањето на билатералната соработка во областа на царината и трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло, беше една од темите на средбата.

Како што соопшти МЗШВ, на средбата биле иницирани и прашањата за инспекциски надзор и регулирање на карантинот на производите кои се извезуваат во Кина, а се дискутирало и за статусот на доставените барања од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за извоз на јагнешко месо, млечни и месни производи, квасец за храна во призводи за животни.

Станало збор и за потребата од ревизија на Протоколот за фитосанитарни услови за извоз на тутун меѓу Министерството за земјоделство и Генералната дирекција за квалитет, контрола, инспекција и карантин на Кина.

– Со цел продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји, се разгледаа и фитосанитарните барања за извоз/увоз на растенија и производи од растително потекло, како и потребата од размена на искуство и обука на службеници во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика, информира Министерството за земјоделство.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:делегацијакинапроизводипротоксоработка
Претходен напис 300 тони компир од Брест чекаат пласман
Следен напис Инфо Тим Логистика: Неделен осврт на цените на земјоделските производи во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?