Денеска екипата на Агротим го посети Добиточниот пазар во Скопје. Разговаравме со дел од фармерите кои беа расположени да ни одговорат на некое прашање. Како што ни кажаа, тие се задоволни и од понудата и од побарувачката на добиток. Најмногу се бараат крави и овци, додека побарувачката за кози е намалена. И за магариња нема баш голем интерес.
Цените на добитокот варираат од грло до грло.
На пример, крава и теле можат да се купат по цена од 1.200 евра (74.000 денари), крава околу 30.000-40.000 денари (500-600 евра), свињите 120 ден/кг (2 евра/кг), овците 6.000-8.000 денари (100-130 евра), козите 4000-5000 денари (65-80 евра). Цената на едно магаре се движи од 9.000 -12.000 денари (150-200 евра).
Во продолжение погледнете што сѐ имаше во понудата на Добиточниот пазар.

















