Компанијата „ХЕМОМЕТАЛ“ денеска на Сточниот пазар – Скопје ги презентираше тракторите „Zetor Global“ и „Proksima 80“. Екипата на Агротим разговараше со Тони Крстевски, еден од претставниците на „Хемометал“.
„Има прилично заинтересирани земјоделци за програмата „Zetor“ која ја нудиме денеска. Тие се чешки трактори, имаме трактори со 50 коњи и со 80 коњи. Денеска извадивме „Proksima 80“, со клима, 35.000 евра е тракторот. Малиот е 50 коњи, тоа е „Zetor Global“, првиот трактор што се прави во Индија, а лиценцата е на „Zetor“ Чешка и чини 11.500 евра. За продажба може на рати преку банка, работиме со „Прокредит“, на 60 месечни рати, на пет години, или во кеш, на фактура…“, ни објасни Крстевски.
Напишете коментар