Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто понекогаш маторицата е агресивна кон прасињата после опрасувањето?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Зошто понекогаш маторицата е агресивна кон прасињата после опрасувањето?
Сточарско производство

Зошто понекогаш маторицата е агресивна кон прасињата после опрасувањето?

Објавено 21/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Понекогаш, иако не многу често, маторицата може да покаже агресивност кон прасињата после прасењето, што може да резултира со нивна повреда, па дури и смрт.
Како што ни објаснуваат од Ветеринарната клиника „Јешут“, постојат две причини што можат да доведат до оваа појава. Прво, ако станува збор за маторица која првпат се опрасува, самото опрасување за неа е голем стрес. Веројатно сѐ уште сѐ ја боли, не разбира што се случило, вознемирена е, прасињата ѝ се непознати, ја плашат.

Другата причина доаѓа од самите сопственици.

„Ако се однесуваат кон неа агресивно, ако ја тепаат, таа исто така ќе постапува со прасињата бидејќи тие се помали и послаби од неа“, истакнуваат од „Јешут“.

Одделете ги прасињата и повикајте ветеринар

Појавата на агресија е неочекувана за секој одгледувач, особено ако со неа се сретнал за прв пат.

За почеток, најдобро е да ги одделите прасињата додека маторицата не се смири, да ја оставите изолирана и повремено да ги пуштате прасињата кај неа за да се навикне на нив и да цицаат.

Ако продолжи со агресивноста, треба да се повика стручно лице.

„Порано можеше да се користи анестетик кој ја смируваше, ја успиваше, а по неколку часа кога ќе се освестеше, ќе беше сѐ во ред“, објаснуваат од ветеринарната клиника и додаваат дека тој анестетик сега е забранет, како и доста други лекови за животни што секако ја отежнува ситуацијата.

Како решение, некои ветеринари советуваат да се даде окситоцин за полесно лачење на млекото за да се намали нервозата кај маторицата.

Нормабел, ракија, масло… луди методи

Методите како што е натопување парчиња леб во ракија, кои потоа им се даваат на маториците, мачкање на ушите со алкохол или други непроверени кои може некој да ви ги препорачал, ветеринарите ги сметаат за луди и предупредуваат дека не се научно докажани и треба да се избегнуваат.

Исто така, многу одгледувачи препорачуваат употреба на лекови за смирување што ги користат луѓето како што е Нормабел, но никаде не е испитано како тие влијаат врз животните и какви последици може да имаат, па затоа овој начин на смирување никако не треба да се користи.

За почеток, најдобро е да ги одделите прасињата додека маторицата не се смири. Изолирајте ја и преградете го просторот за да не дојдат до неа, советува ветеринарот.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:маторицапрасињасвињи
Претходен напис 26-годишниот Мирко е најдобриот млад земјоделец во Хрватска и одгледува мандарини: „Кога ќе пораснеш на село, сè околу тебе е земјоделство“
Следен напис Ковачевски: Даваме целосна поддршка на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?