Ане Василков е роден во 1995 година и е еден од најмладите членови на јадрената група Меден Исток кој преку обуката за пчеларство на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) се стекнал со нови знаења за одржливите практики во пчеларството, а преку напредната обука научил да произведува и други пчелни производи: прополис, перга и матичен млеч. Во моментов има еден пчеларник што се наоѓа во с. Бања и на кој произведува ливадски мед на одржлив начин со примена на биотехничките методи.

Ане испраќа порака до сите за зачувување на пчелите:
„Пчелите се инсекти чие значење за човекот и природата е навистина големо, почнувајќи од медот и восокот кој тие го даваат, па сè до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Пчелите се зависни од природата, а и природата од нив, што значи ако пчелите исчезнат од површината на Земјата тогаш би исчезнало и човештвото. Затоа треба сите да се трудиме да ги зачуваме и да не им наштетуваме.“
